• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Не третирајте го детето како другар

by РиД 24/05/2013 0 Comment
 Не третирајте го детето како другар

Цели генерации деца растат во лошо воспитани млади луѓе, само поради стравот на родителите да ги дисциплинираат, предупредуваат американските стручњаци по психологија.

Тие откриваат дека сè почесто во клиниките се работи со деца кои имаат проблеми со однесувањето, како директен резултат на погрешните тактики во воспитувањето од родителите.

Неможејќи да постават било какви граници и правила во воспитувањето, родителите кога веќе се анксиозни и разочарани, ги носат своите нервозни деца кај психолог, само поради погрешно поставените односи во релацијата „родител – дете“.

Семејството е тим, во кој секој член си има свои обврски и задолженија. Ако детето не се научи само да се соочи со основните предизвици и да совлада многу работи, а родителот се поставува како најдобар пријател кој секогаш е тука да му помогне во сè, е на погрешен пат. Така детето ќе се чувствува презаштитено, сигурно и подоцна станува мрзеливо и неодговорно оти знае дека секогаш постои некој кој ќе ги извршува сите негови обврски.

– Сè почеста е сликата од деца на возраст од осум, девет години кои се одлични во училиште, но не знаат сами да отидат во тоалет, да се исчистат потоа или не се интересираат да научат како да се облечат, нахранат сами, ниту пак да си ги врзат чевлите – укажуваат стручњаците и предупредуваат дека без поставувањето граници, давањето задолженија и обврски, развојот на детето е неправилен.

Децата кои знаат дека во секој миг има кој да ги заврши сите работи за нив, кога ќе пораснат и ќе се соочат со поголеми предизвици во животот, покажуваат незрелост во емоционалната интелегенција, назадуваат и сакаат да се вратат во безбедонста на својот дом од детството.

Психологот д-р Арик Сигман, вели дека феноменот на ваквиот однос „родител другар“, може да се објасни делумно со фактот дека жените решаваат подоцна да основаат семејство, па имаат чувство дека ако им кажат „не“ на своите деца или се постават како главни во домот, ја уништува врската меѓу нив и децата.

– Родителите денес, посебно мајките, се постари отколку што биле порано. Исто така тие се вработени и често поради обврските можат многу малку време да им посветат на децата. Па ако се случи детето да се однесува размазено или нервозно, тие ја бараат вината кај себе поради неможноста да им посветат доволно внимание, поради што наместо да ги воспитуваат и дисциплинираат, избираат да бидат попустливи и да им дозволат сè само да не ги вознемируваат.

Според стручните лица, подоцна со ваквиот проблем треба да се соочуваат и да наоѓаат решение учителите и училиштата, кои мора да најдат начин како да се снајдат со деца кои не се научени сами да одат во тоалет, секогаш мора да се во право, сè да биде по нивно, бидејќи не се научени да им се каже „не“. Родителите не прават ништо добро за своите деца ако им се на услуга во секој миг, не ги учат на дисциплина и не ги воспитуваат, само со цел да си ја исчистат вината дека не им посветуваат доволно внимание или сето тоа го надоместуваат со купување скапи играчки и гаџети. Родителите мора да знаат како да постават правила, да ги научат децата како да помагаат во домот, да ги поттикнуваат да станат независни и самостојни оти само така ќе пораснат во одговорни личности способни да се соочат со предизвиците кои ги носи животот.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 580

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: dete psihologija roditel vospituvanje воспитување дете психологија родител
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved