• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Бременост Сакам бебе Статии

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

by РиД 14/03/2026 0 Comment
 Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Ако размислувате за природно породување, ќе сакате да се обезбедите си сите потребни алатки кои можат да ви го олеснат целиот процес. Секако, ќе сакате да се образувате, да јадете здрава храна и да земате пренатални витамини.  Но, ќе сакате да размислите и за тоа како вежбате и ја подготвувате вашата карлица за породување. Тука може да ви помогне пилатес-топката.

Зошто пилатес – топка? 

Таа може:
–  да помогне во балансирањето на лигаментите, тетивите и мускулите во карличната област, и да му помогне на бебето да се смести во оптимална положба

– да помогне во зајакнување на долниот дел од грбот

– да помогне во отворањето на карлицата

– да ја намали болката за време на породувањето

– да го зголеми протокот на крв во матката

– да ги ублажи болките во грбот во тек на породувањето

– да ја намали веројатноста за потреба од епидурална или царски рез

– да го намали стресот и вознемиреноста.

Помош за време на бременост

Пилатес-топката е одличен начин да го подготвите вашето тело за раѓање. Секој ден поминувајте малку време седејќи исправено на неа, на пример додека гледате телевизија. Седењето исправено помага во потпора и отворање на карлицата, олабавување на лигаментите и потпора на долниот дел од грбот.

Зошто едноставно да не седите исправено на стол?

Ако го правите ова на тврд стол, лесно е да почнете да се превиткувате или да се спуштате назад во столот бидејќи не е толку удобно! Топката е мека на задникот, но, ве принудува да седите исправено бидејќи немате потпора на грбот за да се потпрете. Со тоа што мора да останете балансирани, оваа топка за вежбање ги активира вашите карлични мускули, зајакнувајќи ги овие мускули за породување.

Кога вашето држење на телото е оптимално за време на бременоста, бебето може подобро да се смести во карлицата, што може да помогне породувањето да започне и оптимално да напредува.

Како да ја користите пилатес-топката

Не ја надувувајте до максимум, бидејќи тоа ја прави многу поудобна. Седнете на топката со стапалата поставени рамни на подот и раширете се за да формирате став во кој добро ќе ја држите топката.
Повлечете ги рамената назад и повлечете го долниот дел од стомакот малку навнатре. Можете да пробате да правите мали кругови со колковите за да ја истегнете карлицата. Алтернативно, можете да ја користите вашата топка за да ви помогне да вежбате чучњеви (најдобриот начин за отворање на карлицата и балансирање на телото).

Користете ја топката за раѓање на ѕидот како потпора. Подигнете ја топката така што ќе се потпира на средниот дел од грбот. Потоа тркалајте ја топката нагоре и надолу по ѕидот додека чучнувате. Ова е одлично за моменти кога партнерот не е тука да ви помогне.

Кога ќе почне породувањето користете ја топката за да ги нишате или кружите со колковите за време на контракциите. Наведнете се напред на топката за поддршка за време на контракциите или за одмор помеѓу нив.

Користење на пилатес-топката по породувањето

Во првите денови, кога бебето плаче и треба да го смирите, вашата топка може да ви биде спас. Многу мајки или татковци нежно отскокнуваат на неа за да го смират бебето.

Можете да ја користите и на биро наместо на стол во вашата домашна канцеларија (или дури и на работа). Исто така, можете да седите на неа навечер додека гледате телевизија.

И не заборавајте да ја користите за вежбање! Кога имате ново бебе во куќата, тешко е да се оди во теретана. Постојат многу вежби што можете да ги правите со неа. Некои од најдобрите за вежбање по породувањето се чучњеви, исчекори и сл.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 275

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: бременост вежби пилатес топка породување
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved