• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Дом

Најчести грешки при уредување на домот

by РиД 24/05/2013 0 Comment
 Најчести грешки при уредување на домот

Кога го уредувате домот сами често пати од незнање или збунетост правите грешки, за кои не сте ни свесни. Дизајнерите на интериер, ги откриваат најчестите и ве советуваат како да ги избегнете.

Грешка бр.1 – сè што сакате е во дневната соба

Уредувајте, менувајте, експериментирајте! Земете го омиленото списание за уредување домови и погледнете ги фотографиите. Избројте колку објекти има на малата маисчка, колку простирки има на подот, бројот на врамени фотографии и слики на ѕидовите, нивниот распоред, полиците… Експериментирајте со својот простор. Групирајте ги сличните предмети, тргнете го сето она кое е вишок. Не треба да биде минималистички, но сепак, омилените парчиња мебел и други детали треба да дојдат до израз, а не да го пренатрупаат просторот.

Грешка бр.2 – нивоа и пропорции

Една од најголемите грешки која ја прават луѓето при уредувањето на просторот, е што не ја разбираат важноста на нивоата и пропорциите. Мебелот како софи и фотељи треба да има слични пропорции. Тоа не значи дека не треба да има повисоки и пониски парчиња мебел во иста соба, висината секако е важна, но објектите не треба да бидат премногу големи за собата во која се сместени. Не спојувајте мали и деликатни омилени антички фотељи со гломазни софи и фотељи, бидејќи ќе останат незабележливи. Подобро да имате неколку места за седење со пропорционален мебел, отколку да ставите една огромна софа или гарнитура за седење, која ќе доминира во просторот.

Грешка бр.3 – премногу скапи тапети

Луѓето често мислат дека им се потребни тапети за сите ѕидови, што може да биде скапо, а воедно да го направи просторот заморен и монотон. Изберете еден ѕид кој ќе го украсите со тапети на одреден дел, на пример просторот зад креветот. Така просторот ќе биде свеж, отворен и ќе „дише“.

Грешка бр.4 – игнорирање на околната клима

Многу е важно при уредување на просторот да се земат во предвид климатските услови во околината. На пример ако домот е во област со потопла клима, треба да се потрудите да го уредите со помалку мебел, затоа што ако е пренатрупан ќе создава чувство на топлина, а тоа ќе го прави непријатен престојот таму.

Грешка бр.5 – сè да се сложува

Типична грешка која често се случува е кога се обидувате сèшто ќе ставите во една соба да одговара едно со друго. Потрудете се кога го уредувате просторот да создадете свое катче кое ќе е уредено од комбинација на разни материјали, дезени и други детали, кои можеби се различни, но сепак совршено се вклопуваат. Така ќе му дадете личен печат на просторот и тој ќе биде одраз на вашиот животен стил.

Грешка бр.6- купување се од едно место во исто време

Уште една грешка е купувањето мебел за една соба од иста продавница и во исто време. Најчесто тоа е од практична природа, но од друга страна го прави просторот безличен. Најдобрите соби се микс од стари и нови парчиња мебел, од различни продавници, производители, па дури ако е можно и од различни региони. Така собата ќе изгледа инспиративно, вдаховено, бидејќи се гледа нејзината еволуција со текот на времето.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 749

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: dnevna soba greski interier ureduvanje prostor грешки дневна соба интериер уредување простор
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved