Зелена салата со сланина
Сoстојки:
– 100 г тенко исечена сланина (или друг сличен сувомесен производ), ½ китка рукола, ½ главица марула, по избор неколку гранчиња свеж босилек, власец, магдонос
За преливот:
– 4 лажици маслиново масло, 1 лажица бел или вински оцет, ½ лажичка дижон сенф, ½ лажичка мед
Приготвување:
Сланината кратко испржете ја во сад без масло, да стане крцкава и оставете јана кујнска хартија да се исуши остатокот од маснотија. Марулата и руколата искинете ги на крупни парчиња. Измијте ги зачинските билки и оставете ги добро да се исушат, за да нема вода во салатата. Наредете ја салатата во голем длабок сад или на широк плиток сад, додајте ги зачинските билки. Во тегла ставете ги состојките за преливот, зачинете со сол затворете со капак и убаво протресете го садот да се измешаат состојките. Над салатата наредете ги парчињата пржена сланина, полејте со преливот и послужете.