• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Љубов

Нереалните очекувања во бракот се фатални

by РиД 06/11/2020 0 Comment
 Нереалните очекувања во бракот се фатални

Во животот постојат одредени настани, кои ги нарекуваме како значајни. Еден од тие е стапување во брак, формирање на брачна заедница и формирање семејство. Некогаш партнерите решаваат да живеат во неозаконета интимна врска, а тоа е вобрачен живот/див брак.

Денес е често застапено, па дури се става како вид на експеримет за да се одлучи дали понатаму да се стапи во законски, формален брак. Ова колку што е добро, може да биде и лошо. Сè повеќе млади луѓе остануваат сами или во вонбрачна заедница. Ако порано границата беше 25-30 год., денес е зголемена и до 35 год. Причините за ова може да се најразлични – прво да се изгради кариера, па потоа да се основа семејство. Често постои страв од блискост, интимност, незнаење како да се функционира во заедница, страв од себе реализирање како родител и брачен другар.

Како денес се гледа на бракот?

Како на формална заедница во која МОРА да се задоволени сите потреби на сите страни, што е невозможно. Ако некој тргне со ваков став, тоа значи дека има нереален пристап кој може да му донесе многу проблеми, недоразбирања и стрес во иднина. Во бракот не можат да се задоволат СИТЕ ПОТРЕБИ во исто време на сите страни. Но, потребна е комуникација, разбирање кое доаѓа со разговор, договор и преговарање. Едноставно потребна е флексибилност, љубов, почит и доверба.

Зачестеност на разводите.

Токму од очекувањата дека треба сè да се задоволи, сите примарни и секундарни потреби, бракот може да заврши со развод. Од бракот се очекува многу и од партнерот се бара многу-љубов, споделување, сексуално задоволство, економска независност и слобода, да се разбере само едната страна, а не и другата со своите потреби. Трпеливоста и оставањето на простор за разговор и психолошки раст е сведено на минимум или воопшто не постои.

Од друга страна, постои онаа заљубеност и слепило, па кога ќе се сменат улогите и ќе се побара да се дејствува во сопружничка или родителска функција, патртнерот е незрел и не може да се снајде во новите предизвици кои ги носи бракот и го покажува  „вистинското лице“. Заљубеноста исчезнува и ситуацијата почнува да се гледа во вистинско светло, па некој забележува дека донесол погрешна одлука. Некои брачни другари решаваат да се разделат, други живеат во лага, а трети бараат семејно советување.

М-р развоен психолог/сов.психотерапевт- Розалија Секулоска

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 512

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави


Fatal error: Allowed memory size of 134217728 bytes exhausted (tried to allocate 20480 bytes) in /home/entityme/addon-domains/ridWebsite/wp-includes/meta.php on line 1206