• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Зимата е најкритичен период за вашата кожа

by РиД 27/01/2020 0 Comment
 Зимата е најкритичен период за вашата кожа

Најчест проблем во зимскиот период  е сувата кожа. Студениот зимски воздух е со намалена влажност и ги пресушува природните масла во кожата , предизвикувајќи на тој начин таа да не може да ја задржи својата влага и да дехидрира. Острите зимски ветрови, исто така, предизвикуваат воспаление на кожата со црвенило и ситно лупење.

Ова води кон груба, напната  кожа со интензивен јадеж кој не тера да ја чешаме, со што дополнително ја иритираме, а таа пак реагира со задебелување и распукување и уште помала способност да се регенерира.

Со превземање на одредени мерки за заштита, правилна хигиена и нега можеме да успееме да ја одржиме нашата кожа здрава и витална и во зимскиот период. Еве неколку совети:

  1. Редовно правете кристален пилинг т.е  микродермоабразија со што ќе ги отстраните насобраните мртви клетки на површината на кожата овозможувајќи и полесно да дише, забрзувајќи ја циркулацијата со што таа подобро ќе се исхранува, а истовремено олеснувајќи го навлегувањето на сите средства кои ги нанесувате со што тие побрзо ќе го покажат својот ефект.
  2. Еднаш месечно може да спроведете хемиски пилинг со кој длабински ќе ги прочистите вашите пори, и ќе внесете во кожата супстанции кои ќе стимулираат обнова на клетките и корекција на ситните имперфекции.
  3. За сите, а особено за оние со многу сува кожа прекрасен третман кој ќе ја врати свежината на вашето лице е мезотерапијата со која во средниот слој на кожата внесуваме различни супстанции како витамини, минерали, биостимулативни состојки или хијалуронска киселина, од каде таа многу полесно и побрзо ќе ги ресорбира.
  4. Избегнувајте користење на агресивни средства за чистење на кожата како лосиони кои содржат алкохол и сапун и заменети ги со медицински синдет (сапун), маслена купка или нежно хидратантно млеко за чистење на лице. На тој начин ќе го зачувате природниот липиден филм на кожата кој во зимските денови тешко се одржува.Исто така избегнувајте го долгото капење со многу топла вода која дополнително ќе ја исуши кожата.
  1. Редовно хидрирајте ја кожата користејќи креми со високо хидрирачки состојки кои ја врзуваат водата како хијалуронската киселина, гликолна киселина или средства на база на масло и богата ноќна витаминска крема која ќе ја регенерира кожата додека спиете. За нега на телото погодни се лосионите со уреа или гликолна киселина кои истовремено ја хидрираат и лесно ја лупат грубата задебелена кожа, а за оние со претерано сува кожа лосионите со омега масни киселини.
  2. Не ги заборавајте кремите со висок заштитен фактор особено ако одите на зимување на планина каде сонцето е многу посилно, а зрачењето поголемо како резултат на одбивањето на сончевите зраци од снегот.

Проблемот со сува кожа во зимскиот период на годината може да се јави кај секој човек на било која возраст. Меѓутоа додека кај едни лица студот предизвикува само црвени и суви образи кај оние лица со веќе постоечка друга дерматоза како на пр. атопичен дерматит, екцем, проријаза, може да дојде до влошување на истата. Во таков случај најдобро ќе биде да ве прегледа  дерматолог кој во зависност од дијагнозата ќе ви препише терапија и соодветни медицински продукти за нега.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 339

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved