• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

5 растенија кои ќе ви помогнат да го освежите домот

Личност што сака кучиња наспроти личност што сака мачки: уникатни

Дали е можно да се забремени во тек на менструација?

Мал или голем дом, што е подобро?

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Дом

Рустика за модерен дизајн во домот

by РиД 27/01/2020 0 Comment
 Рустика за модерен дизајн во домот

Комбинирањето на ретро и „старински“ елементи со модерен дизајн станува сè попопуларен и распространет тренд кога станува збор за внатрешен дизајн. Така, мебелот од дрво повторно е актуелен и полека победува во битката со вештачките материјали, а старите ламби и лустери ја доживуваат својата ренесанса.

Овој тренд е омилен бидејќи е креативен и додава посебна нота на топлина и задоволство во просторот за живеење. Ако ви се допаѓа овој тренд, има начин како да го уредите домот без да потрошите целото богатство за да го промените редизајнирате просторот. Тајната е едноставна – сè е во деталите.

Ретко кој детал е по рустикален од антички лустер – со топчиња или држачи за свеќи. Ако имате доволно голема дневна соба убаво ќе се вклопи, особено ако се љубител на романтичен стил во дизајнот на ентериер.

Друг белег на ретрото се тапетите. При тоа не значи дека треба сите ѕидови да ги залепите со тапети во ист дезен, но можете да ги искористите како детаљ на еден дел од ѕидот во некоја просторија.
Ако некаде го чувате старо парче мебел подарок од баба ви, или пак подолго време размислувате да се ослободите од него, размислете повторно – можете да го реставрирате и совршено да се вклопи во рустикалниот дизајн на вашиот дом.

Дури и неколку ниски комоди можат да ви послужат наместо мала масичка. Овие парчиња мебел никогаш не ја губат својата вредност и се модерни класици кои убаво се вклопуваат во рустичен декор.
Ламперијата долго време е заборавена од употреба, но може да изберете некоја во бела боја – ќе му даде топлина и визуелно ќе го прошири просторот.

Разни огледала со рамки од ковано железо се уште еден ретро детал што воодушевува! И уште една важна работа – огледалото секогаш го прави просторот визуелно поголем, што, заедно со декоративниот момент, е доволно добра причина да го вклучите во вашиот рустикален дизајн.

Заштитен знак на рустикалниот стил е дрвото како доминантен материјал. Ако треба да го домот, а особено ако живеете во поткровје, дрвените греди би можеле да бидат фантастичен украсен детал. Од друга страна, кога станува збор за подовите, бродскиот под во однос на класичен паркет е поинтересна и привлечна опција.

За да внесете рустикален стил и во вашата спална соба, изберете француски лежај со горен дел од ковано железо и ретро постелнина.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 206

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

17:04 12 Jul 2023

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

16:55 12 Jul 2023

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни за вашето дете

16:32 12 Jul 2023

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

15:56 12 Jul 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved