• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Пет начини на кои мајките несвесно даваат позитивен пример на нивните деца

by РиД 26/01/2020 0 Comment
 Пет начини на кои мајките несвесно даваат позитивен пример на нивните деца

Мајките имаат огромна улога во растот и развојот на детето и тоа е непобитен факт против кој никој ништо не може.  Тие влијаат врз своите деца на различни начини – некогаш преку самиот начин и стил на воспитување, но често и преку своето лично однесување. Исто така, огромно влијание има и таткото, но како по некое непишано правило, на голем број деца низ светот, токму мајките им се модел кој го следат низ животот. Ова се пет начини на кои мајките позитивно влијаат врз своите деца, а често тоа го прават всушност, сосема несвесно.

1. Негуваат позитивна слика за изгледот на телото

Освен ако не се занимаваат токму со тоа, мајките често можат да искоментираат дека некоја девојка е преслаба или дека претераната набилданост на телото е неприродна и со тоа да им помогнат на своите деца да сфатат дека некои идеали се недостижни и дека изгледаат сосема убаво и без да се разголуваат и кога се хранат здраво и умерено, без да се впуштаат во ригорозни диети. Исто така, влијае и како мајката се доживува себе. Ако постојано е на некоја диета или има комплекс дека има вишок килограми, таквото однесување го прифаќа и детето, иако воопшто не е дебело.

2.Инсистираат на оброци без технологија на масата

Семејниот оброк е одлично време за семејството да помине време заедно, а децата да стекнат навики за редовна исхрана. Секогаш кога некој од родителите инсистира на масата да нема мобилен телефон или таблет, од една страна отстранува сè што му го влече вниманието на детето, но од друга страна го учи дека заедничкото време е навистина важно за семејството.

3.Контролираат што ќе се гледа на телевизија

Љубопитноста на децата често може да предизвика по дома да ви свири музика што не ја сакате или да следите ТВ-програми полни со насилство и примери за лошо однесување. Можеби вашето дете неколку дена ќе плаче и ќе се лути, но со построга контрола на медиумските содржини, полесно ќе научи што е квалитетна програма и во иднина самото ќе избере нешто корисно и едукативно, наместо бесмислени видеа и цртани филмови.

4.Не користат мобилен телефон додека возат

Кога мајките ги возат децата, првично не користат мобилен телефон затоа што тоа е забрането и ја загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Со тоа, им даваат пример на децата дека и тие во иднина кога ќе бидат зад волан, треба да бидат концентрирани на сообраќајната ситуација, без ништо друго да им го одвлекува вниманието.

5.Ги учат децата на влијанието на медиумите

Ретко кој може да одолее на добра реклама, дури и ако се рекламира крајно лош производ. Многу мајки се свесни дека сè што е привлечно и шарено, не значи и дека е добро за нејзините деца. Така, уште од мали нозе, тие учат за медиумскиот маркетинг и за тоа дека треба да избираат производи според квалитет, а не според популарност.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 421

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved