Ролнички со цимет
Состојки:
Тесто: 120 мл вода, 2 лажици шеќер, 1 коцка квасец, 450 мл топло млеко, 2 јајца, 1 лажичка сол, 100 г шекер, 50 г путер, 650-750 г брашно
Фил: цимет, кафен шеќер, малку млеко (многу малку) и малку омекнат путер или маргарин
Прелив:150 г шеќер во прав, ванила и малку млеко за да биде како густ сируп
Приготвување:
Се става квасецот да стаса со вода и 2 лажици шеќер. Кога ќе стаса квасецот, од сите наведени состојки се меси тесто и се остава стаса да се дуплира во волумен. Тестото се дели на 2 дела. Од секој дел се расукува кора, се премачкува со филот и се витка ролат. Ролатот се сече на парчиња кои се редат на плех обложен со хартија за печење така да не се допираат едно со друго. Се оставаат да стасаат уште малце и се печат на 200 степени.
Откако ќе се испечат, се оставаат да се оладат малку околу 5 мин и одозгора се прелеваат со преливот. Се оставаат да се оладат.
By Emilija