Расцеп на усните и непцето
Може да ве изненади фактот дека бебето може да се роди со расцепени усна и непце. Овој проблем води кон други проблеми како што се воспаление на средното уво, криви заби и тешкотии со слухот. Добра вест е што овие операции се многу успешни.
Како настанува
Расцепот почнува да се создава во шестата недела од бременоста и претставува пукнатина во непцето и усните. Од непознати причини, кај мал број бебиња овие делови не се составуваат. Сепак некои истражувања наговестуваат дека пушењето во тек на бременоста може да доведе до оваа состојба.
Ултразвучен преглед во 18 недела може отприлика да укаже на овој проблем, но дијагнозата се поставува откако ќе се роди бебето.
Како да се храни бебето
Бебето родено со расцеп на непцето има тешкотии да цица. Во овој случај постои посебна мека цуцла која е од голема помош. Бебето родено со расцеп на усните нема проблем при доење и може успешно да се храни.
Лечење
Расцепот на усни се решава со операција во првите три месеци. Расцепот на непце се оперира од 6-9 месеци. Во двата случаи лечењето е успешно и бебето продолжува со нормален живот.