Во Франција забранети се Нутела и Јагода
Станува збор за женски имиња, а не за највкусниот кремаст намаз и овошје. Имено судот во северниот француски град Валенсијен одлучи да не даде одобрение за имињата Нутела и Јагода, на две семејства кои сакале така да ги крстат новородените ќерки.
Во првиот случај образложението е дека називот на намаз од чоколадо и лешник никако не може да биде име на дете. Тоа едноставно не е во интерес на детето кое поради такво име може да биде исмевано од врсниците, заклучил судот и самоиницијативно го преименувал девојчето во Ела. А ако родители инсистираат можат да го викаат девојчето Нутела, на прекар.
Ни името Јагода не наиде на одобрување оти на француски Фрес- fraise во сленг се користи за муцка, фаца.
Тоа име би било причина за омаловажување на детето, заклучил судот, а родителите имале спремна замена Фрезин – во превод Јаготка, старинско име кое најчесто било користено во 19век.
Французите имаат право своите деца да им даваат име по свој избор, но ако лицето за регистрација заклучи дека тоа име е спротивно на интересот на детето, должен е да го проследи случајот до суд.