Тортоколис – криво вратче
Кај тортоколис главата е навалена на една страна, а лицето свртено на друга. Детето има крив врат од раѓање или може да се појави по воспаление на лимфните садови на вратот, кај деформација на рбетот или при лоше држење на телото.
Деформитетот настанува и поради проблеми со видот (на пр.детето има диплопија), згрчени мускули на вратот, лузни на кожата од изгореници или повреди. Дури и некои психички болести може да се причина како на пример, хистеричен тортоколис и пореметување на нервната стимулација на мускулите. Ревматски болести, повреди на вратот, туберколоза исто така се едни од причинителите.
Вродениот тортоколис се гледа веднаш по раѓањето, а родителите обично забележуваат дека едното обравче е малку поголемо од другото. Послаба е развиеноста на мускулите на главата и вратот на заболената страна, а деформитетот на кичмата исто така е присутен. Доколку овој деформитет не е многу изразен, родителите дури подоцна гледаат дека детето не може право да ја држи главата. Причината за вродениот тортоколис се‘ уште не е позната. Веројатно постојат повеќе фактори како што се наследни, положбата на плодот во матката, пореметување во ембриогенезата и т.н.
Како изгледа?
Изгледот на тортоколисот зависи од степенот на скратување на вратните мускули и возраста на детето. Воглавно се забележува разлика веднаш по раѓањето – асиметрија на лицето и хипотрофија на мускулите на лицето и вратот. По втората недела од раѓањето на долниот дел од вратот се забележува мала испакнатина со големина на лешник која исчезнува по два месеца. Дури подоцна се забележува дека вратот на мускулот е затегнат и скратен. Главата е навалена на заболената страна, а лицето гледа на здравата страна. Рбетниот столб се витка бидејќи доаѓа до испакнување кон здравата страна, а виткање кон болната.
Лечење
Штом забележите дека нешто не е во ред, веднаш одведете го детето кај лекар, бидејќи многу е важно да се почне со лечење на време. Тоа подразбира физикална терапија со која се истегнуваат скратените мускули. Доколку се спроведе во првата година од животот, ефикасна е во 95- 100 % случаи. Доколку не се почне на време со лечење или не успее физикалната терапија, потребно е лечење по хируршки пат. По операцијата следи физикална терапија со која вратот целосно се исправува.