Оптимална температура во домот

Одржувањето постојана телесна температура кај човекот во голема мерка зависи од топлината на станот која пак сама по себе зависи од многу фактори како што се: ориентација кон сонцето, квалитет на ѕидовите, заштита од влага.
Должина на надворешните ѕидови, распоред на просториите во станот, квалитет на вратите и прозорците, квалитет на подовите и таванот и на крај, уреди за греење.
За топлотна заштита важно е:
– главните простории (дневна, спална и работна соба) да се поставени кон југ, југоисток и југозапад, а останатите споредни простории кон ладните страни.
– за економично чување топлина во просториите најдобро е површината на собата да има квадратна основа. Кај секој друг облик површина губењето температура е поголемо, затоа што површината на ѕидовите, подовоите и таванот е поголема.
– при распоред на просториите потребно е постојано користените простории во станот да се поставени што поблиску кон внатрешноста на објектот и на што покуси надворешни ѕидови, особено ако објектот е слободен. Така на пример кај слободна станбена зграда погрешно решение е кога скалите ќе се постават во средината на зградата, бидејќи поради тоа главните простории треба да ја завземат периферијата на зградата.
– при топлотно – техничка заштита, како на станбени так и на други простории, бројот, големината, сместувањето, конструкцијата и квалитетот на зградата, како и на материјалот од кој се направени прозорците и вратите игра голема улога. Затоа при проектирање треба да се земат во предвид сите елементи. На пример кај оние соби кои се на аголот од куќата вообичаено е прозроците да се сместени на двете страни. Иако на тој начин собите се подобро осветлени, таквата положба на прозорите е погрешна, па е препорачливо прозори да има само на едната страна.
Низ влезната врата влегува ветер во станот, па затоа треба да земете во предвид т.н ветробран, односно со уште една врата да го одделите влезот во куќата од ходникот и скалите. Вратите и прозорите мора да се од здраво и потполно суво дрво, со што помалку јазли, за да поради виткање и промена на површината не се спречи целосното затворање. Ѕидовите имаат многу значајна улога во чувањето и користење топлина. Според тоа, дебелината на ѕидовите зависи од тоа дали е употребениот материјал добар или лош спроводник на топлина. На пример дрвото е полош спроводник на топлина од тулата, но е многу полош задржувач на топлина, па дрвената куќа после престанувањето на греењето побрзо се лади од ѕидана куќа.
Врз основа на испитувања, како и пракса, утврдено е дека ѕидот од обична тула дебел 38 см, кој е малтерисан од двете страни според степенот на пропуштање и чување топлина може да одржува поволна температура во просторијата. Тој ист топлотно-технички ефект може да се постигне и со друг градежен материјал:
1. Ѕид од набиен керпич во малтер од двете страни треба да биде подебел од 38 см.
2. Шуплив ѕид од обична цигла, надворешен и внатрешен ѕид по 12 см, во средината шуплина од 6 см, од двете страни малтерисани треба да биде дебел 30 см.
3. Ѕид од дабови и борови греди дебели 8 см, од внатрешната страна преку дрвени гредички измалтерисан – 14 см.
Од наброениот материјал, тулата во поглед на топлотехничките барања, е најдобар материјал за градење станбени и други згради. Треба да се нагласи дека во предели со долготрајна зима и силни ветрови надворешните ѕидови мора да се подебели.
Подовите и таваните имаат многу задачи во секоја па и во станбената зграда, бидејќи не само што служат како заштита од влага, мирис, пареа и звук, туку даваат и топлотна заштита. Ако подот и таванот не се од добар материјал може преку нив да се изгуби најголем дел топлина од просторијата. Подовите мораат да бидат од топол материјал, бидејќи ладните подови му одземаат на телото преку стапалата значителна количина од топлината.