Попара со павлака и јогурт
Состојки
– резанка леб, павлака и јогурт
Приготвување
Во малку врела вода ставете го парчето леб, тргнете го садот од оган и мешајте додека стане каша. Потоа додајте по една лажица павлака и јогурт по потреба, за да стане јадењето кашесто и полесно за голтање.
Совет за мајките – може да им се дава на децата откако ќе се воведат глутен и млечни производи, по наполнети осум месеци.
Рецептот е од Кулинарскиот дневник на бебето Марта
Напомена – текстовите и сликите се објавени со дозвола од авторката на книгата. Секое нивно преземање, копирање и повторно објавување во печатени и електронски медиуми не е дозволено, без претходна дозвола од авторката и од Порталот Родители и деца.