• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Емоционален аспект на успешно лидерство

by РиД 26/12/2009 0 Comment

Поимот лидерство станува доста актуелен во изминативе години. Често можеме да слушнеме за харизматичен, авторитативен или успешен лидер, а лидерството како појава стана доста интересна за истажувачите, политичарите и за бизнисмените. Да се има функција на лидер, не значи и да се биде (успешен) лидер. Повеќето луѓе можат да ги разберат и прифатат лидерските техники, но успешното лидерство зависи од тоа колку поединецот е способен да ги имплементира тие техники и да создаде соодветен модел на лидерство кој нема да се сруши, ни во неповолни услови за работа.

Долго време се сметало дека високиот коефициент на интелигенција е основен услов за успешно лидерство, но скорешните истражувања покажуваaт сосема поинаква слика. Имено, постојат два основни фактори кои влијаат врз спсобноста или неспособноста на една личност да ги имплементира соодветните лидерски техники:

1. Емоционалната интелигенција – когнитивното разбирање и прифаќање на лидерските принципи.

2. Емоционална зрелост – способност да се имплементираат тие принципи.

Овие два фактори имаат големо влијание врз нечие лидерсво. Кога индивидуата поседува подеднакво и емоционална интелигенција и емоционална зрелост, можеме да сметаме на успешен лидер, но доколку индивидуата поседува само еден од овие два фактори, тогаш постои веројатност лидерството да биде инхибирано.

Многу често се случува да ги доживуваме лидерите како да имаат супериорен интелект. Сепак, среќаваме случаи каде успешните лидери не покажуваат исклучително високи скорови на тестовите за когнитивни способности. Ваквите случаи создаваат потешкотија во употребата на конвенционалното перцепирање на коефициентот на интелигенција како предиктор за успешно лидерство. Интелигенцијата може да се разбере како генерална способност на индивидуата да се прилагоди во средината. Од аспект на успешно лидерство, интелигенцијата треба да се разбере како способност да се искористат силните страни и да се корегираат или компензираат слабите страни на индивидуата.

Како еден од факторите за успешно лидерство, емоционалната интелигенција претставува способност за согледување и разбирање на емоциите, способност за согледување и генерирање на емоции, разбирање на емоциите и емоционалното знаење и регулирање на емоциите со цел да се поттикне емоционален и интелектуален раст.

Квалитетот на емоционалната интелигенција вклучува: самосвесност, саморегулација, мотивација, емпатија и социјални способности, а истражувањата, индицираат дека една личност би била успешна доколку сопствените вештини и способности ќе ги поткрепи со емоционална интелигенција. Способноста за мобилизирање на емоциите на најразлични начини можат да допринесат за решавање на многу проблеми кои се појавуваат во организацијата. Емоционалната интелигенција кај лидерот овозможува ефикасност во планирањето, но и во организирањето на активностите и воспоставување на самоконтрола во организацијата. Лидерот со високо ниво на емоционална интелигенција е способен да влијае врз емоциите на другите – лесно да ги промени од непријатни во пријатни и да создаде работна атмосфера која е најпогодна за решавање на одредени проблемски ситуации. Пријатното рсположение резултира со подобрување на креативното и индуктивното резонирање. Емоционалната интелигенција на лидерот му овозможува способност да влијае врз зголемување на мотивацијата кај другите, да биде способен способен да го процени и оптимизира мотивационото влијание на емоциите.

Емоционалната интелигенција е интегрална компонента во успешното лидерство. Сепак за да имаме целосна слика за успешен лидер мора да се земе во предвид и емоционалната зрелост на лидерот. Емоционалната зрелост претставува способност и спремност да се разберат и прифатат сопствените емоции, да се даде соодветен одговор на реалноста и фактите, независно од влијанието на позитивните и негативните емоции. Разликата помеѓу емоционалната интелигенција и емоционалната зрелост се согледува во тоа што ЕИ представува знаење, а ЕЗ представува способност и спремност да се дејствува според знаењето кое го поседуваме.

Емоционалната зрелост не е нешто кое неопходно се развива со хронолошката возраст – луѓето не стануваат емоционално зрели токму поради тоа што стареат. Постојат поединци кои се прилично емоционално созреани, но постојат и поединци кои никогаш нема да созреат.

Емоционалната зрелост се согледува во квалитетот на одговорот во дадена ситуација. Емоционално зрел лидер се внесува во решавањето на ситуацијата во согласност со околностите и сите расположливи факти. Тој е способен да ја менаџира ситуацијата затоа што може да види што се случува. Тој е свесен дека пријатното и непријатното, лутината и приврзаноста, восхитот и фрустрацијата или било која друга емоција не ги менува фактите, затоа успева да се држи за фактите и не дозволува да го преплават емоциите. Тоа не значи дека емоционално зрелиот лидер никогаш нема да биде преплавен од емоции, но многу полесно и брзо ќе се извлече од таквата ситуација, ќе се фокусира и ќе бара решение за проблемите. Во таа состојба на готовност, пропустите предизвикани од емоциите ќе бидат неприкриени, а лидерот ќе биде способен појасно да ја детерминира вистинската насока на дејствување. Лидерот треба секогаш да биде спремен да вложи силен напор кога станува збор да критични ситуации.

Емоционално зрелите лидери се помалку подложни на промени во расположението, знаат да се воздржат, имаат поголема контрола врз себе и помалку ја користат критиката (кон другите) како своја одбрана – превземаат одговорност и за сопствените успеси но и за поразите. Исто така, лидерите кои се емоционално зрели, се пофлексибилни и знаат да се прилагодат на барањата кои ги налагаат ситуациите, тие се способни да се соочат со реалноста (прифаќање), способни се да воспостават добри и квалитетни релации со своите следбеници и сакаат да бидат искрени со сами себе, како и со другите луѓе. Лидерите со високо ниво на емоционална зрелост ги усогласуваат внатрешните сигнали и препознаваат како нивните емоции можат да влијаат врз нив, врз другите луѓе и работната перформанса. Тие имаат сила да останат отпорни на емоциите, да бидат смирени во стресни ситуации и не лесно се провоцираат. Нивното однесување е не-импулсивно, отпорни се на искушенија, способни се да најдат прифатлив начин за изразување на сопствените емоции, ги разбираат конфликтите кои настануваат помеѓу другите луѓе, го изразуваат сопственото мислење базирано на факти и сеопфатни ефекти.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 473

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: biznis liderstvo profesija rabota бизнис лидерство професија работа
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved