Тајните на убавината на Ева Мендез
Убавата актерка со кубанско потекло воодушевува со својата убавина. Таа се обиде и во светот на модата, а сега лансираше своја линија шминки под името Circa.
Ева во тој потфат влезе со голем ентузијазам, а како што вели среќна е што може да ги подели своите мејкап трикови. Таа истакнува дека откако станала мајка своите ритуали за разубавување ги поедноставила. Не сака да троши многу време на дотерување, бидејќи откако е мајка има многу малку слободно време.
– Успевам да се нашминкам за само пет минути! Кај мене се‘ се врти околу пет производи. Лесна подлога за лице, руменило во крема, коректор, хидрирачки балзам за усни и молив за очи – вели Ева и додава дека коректорот за подочници и‘ е омилено парче шминка. Често се користи со „направи сама“ решенија, особено откако ја роди ќерката Есмералда Амада.
– Кога станува збор за нега на кожа, користам нешта кои можат да се најдат во кујна. Кокосовото масло се покажа одлично средство за хидрација на кожата, а комбиниран јогурт и морска сол за пилинг. По ова кожата навистина ми блеска – откри во една пригода.