Француски тост на шпански начин
Состојки: сладок леб (бриош и сл.), млеко, 4 лажици шеќер, кора од лимон, ½ чаша маслиново масло, 2 јајца. За посипување – шеќер, цимет, мед или мармалад
Приготвување
Лебот исечете го на резанки, па ставете го во длабок сад и посипете го со млеко во кое сте го додале шеќерот. Над него распоредете ги резанките од лимонова кора и оставете да стои еден час.
Во друг сад изматете ги јајцата. Во тава загрејте го маслиновото масло. Секое парче леб вадете го од млекото и потопете го во јајцата, па пржете го во тавата со масло додека порумени.
На крај измешајте ги шеќерот и циметот па послужете ги со тостовите за да може секој да си посипе колку сака. Или послужете со мед или мармалад.