• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Тип-топ за на работа

by РиД 01/12/2012 0 Comment
 Тип-топ за на работа

Колку успех ќе имате на интервју за работа или во важни преговори, во голема мера зависи од физичкиот изглед. Затоа послушајте ги советите од модните стилисти.

Начинот на шминкање, фризурата, изгледот на рацете, изборот на парфемот, откриваат многу за нашата личност и најмногу влијаат во создавањето на првиот впечаток. Кога барате работа или водите важни преговори, тој впечаток знае да биде пресуден.

Ако добрата работна биографија, елоквентност и знаење се следени со уште попријатна надворешност, тогаш растат шансите за успех. Тоа го покажува и истражувањето на магазинот „Њусвик“ со кое е утврдено дека околу 70 % од анкетираните менаџери вработуваат дотеран, симпатичен кандидат наместо стручен, а запуштен. Покрај тоа, ако сте задоволни од својот изглед, имате поголема самодоверба. Затоа изградете го својот стил на работна жена на која никој не може да и‘ најде забелешка.

1. Дискретна шминка

– Флуоресцентно осветелните канцеларии му даваат на лицето жолтеникава нијанса. Затоа избегнувате зелени сенки и портокалови нијанси на руменило, сенки и кармини.

– Очите шминкајте ги во неутрални нијанси. Бирајте сенки во беж, кафеави или кајсија нијанси. Користете меко моливче за очи во темнокафеава боја, никако црна. Не правете остри линии. Под канцелариското светло секој погрешен потег многу се гледа.

– Работната шминка не треба да биде незабележителна. Напротив. Строгиот костум и одело бараат јаки акценти на лицето, а дозволен е и црвен лак за нокти. Нешто полежерната облека, од друга страна, бара понежна шминка.

– Колку ви се подочниците потемни и поизразени, тоа коректорот треба да биде со потопла нијанса.

– Густа течна пудра делува неприродно под канцелариското светло. Затоа користете хидранти тонирани креми.

– Фиксирајте ја шминката со тенок слој транспарентна пудра во прав, која добро прилега на кожата, наместо камената, и делува поприродно.

Руменилото од кајсија или корална боја ставете го високо на јаболчниците. Ако носите очила, прво нив ставете ги, па ставете руменило. Така јасно ќе ги видите деловите од лицето кои не ги покрива рамката.

– Ќе изгледате посвежо ако на образите ставите бронзер. Нека биде мат или со многу дискретен сјај, бидејќи светкавите пудри не се пригодни за на работа.

– Веѓите мораат да бидат уредно исчупкани, а добро би било да го засилите интензитетот на нивната боја со специјален гел.

– Ставајте кармин, сјајот е премногу младешка и светкава варијанта за било која формална ситуација.

 

2. Едноставна фризура

– Косата треба да ви биде здрава и сјајна, а израстотокот исфарбан. Така на прв поглед ќе оставите впечаток на уредна личност.

– Вечерта пред интервјуто за работа или важен состанок задолжително измијте ја и убаво исфенирајте ја.

– Ако имате многу долга коса, најдобро е да ја соберете. Едноставна кох фризура изгледа поуредно и сериозно од пуштената коса.

– Тргнете ја косата од лицето. Долгите шишки кои малку ги покриваат очите се секси, но така треба да одите на состанок со партнерот, а не на работа.

– Не ставајте шнолички и украси со штрас и крупни детаљи, бирајте дискретни и елегантни асесоари за коса.

3. Избегнувајте француски маникир

Пред интервјуто за работа отидете на маникир, а за секој ден можете и самите да ги одржувате ноктите и рацете. Ноктите мораат да бидат чисти и уредни, а тој впечаток најлесно се постигнува со беж и нежно розеви нијанси на лакови за нокти. Црвеното е класика и може да помине. Францускиот маникир исто е добар избор, но мора да биде перфектно изработен.

4. Средете се за работна вечера

Колку и да биде неформална работната вечера на која одите, не треба да претерувате со шминка. Сепак сте во кругот на колегите и претпоставените. Црниот зачаден изглед на очите е неприфатлив. Подобро изберете кафеава или виолетова нијанса. Ако не стигнете да отидете дома и да се нашмикате повторно, еве како да ја освежите својата дневна шминка:

– Никако не ставајте нов слој течна пудра, туку потапкајте го лицето со хартиено шамивче, па напудрете се со пудра во прав.

– Ставете сјајно руменило, тоа ќе ја претвори вашата дневна во вечерна шминка.

– Наводенете го чешелчето за трепки, расчешлајте ги и дури тогаш нанесете нов слој маскара.

– Црвениот кармин е одличен избор за навечер, а целата шминка надополнете ја со црн молив за очи.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 564

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: biznis zena rabota sminka бизнис жена работа шминка
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved