Што да правите кога сте настинати, а што не?
Кивање запушен нос, температура – настинките се типични за овој период од годината, а со неколку трикови можете да си помогнете и да оздравите побрзо
Лекови
Штом ќе забележите дека ве фаќа настинка, побарајте лекови со дополнителен витамин Ц и парацетамол за симнување на температурата. Тие можат да спречат да се засили настинката. При зголемена телесна температура и болки во мускулите може да помогнат лекови кои содржат ибупрофен, па посоветувајте се со лекарот. Ако ве боли грло, можат да ви помогнат пастили. За болно грло правете гаргара со варена солена вода. Проблемите со кашлањето можат да се намалат од пареата при туширање.
Многу вода
Пијте повеќе течности од вообичаено. Водата и чајот се идеално решение.
Одморот се подразбира
На првите симптоми од настинка одмарајте, останете дома. Освен што ќе оздравите, нема да заразите други луѓе.
Што не треба да правите
Некои тестирања покажале дека цинкот може да го зајакне имунитетот, но американската институција Food and Drug Administration смета дека тоа не е добро, бидејќи при долго користење може да се оштети мирисот. Треба да се биде претпазлив и со земањето витамини. Така премногу витамин Ц може да предизвика дијареа.
Природен лек против настинки
– ¼ чаша свеж рендан ѓумбир,
– ¼ чаша кромид свеж сечкан,
– ¼ чаша свеж рузмарин сечкан,
– ¼ чаша свежи листови од жалфија сечкани,
– ¼ чаша рендан рен
– 4 – 6 чешниња лук
– 2 лажици мелен лут црвен пипер,
– органски јаболков оцет
Искомбинирајте ги состојките во една со средна големина, која ќе ја наполните до горе и ќе има само 3- 4 см слободен простор. Секој ден протресувајте ја по малку, во тек на 2 – 4 недели. Потоа исцедете ја течноста. Загрејте ја на тивко, додајде ¼ чаша мед и мешајте додека се растопи. Соберете ја течноста во шише и користете ја по потреба, кога ќе почувствувате симптоми на настинка.