Французиките годишно трошат околу 100 евра за долна облека
Французинките во просек, за првите осум месеци потрошиле 97 евра за долна облека, резултат е од истражувањето на Францускиот моден институт.
Истражувањето е правено по повод одржувањето Моден саем за долна облека, во Париз, од 19 до 21 јануари.
Во студијата се прецизира дека годишниот буџет кој дамите го даваат за интимна долна облека, варира зависно од возраста, пишува француски „Монд“.
Девојките на возраст од 15 до 24 години трошат најмногу пари за долна облека, просечно 144, 80 евра годишно, потоа следи категорија од 45 до 54 години со просечна сума од 113,60 евра, додека дамите на возраст од 55 до 64 години трошат во просек 108,20 евра.
Французинките во старосна категорија од 25 до 34 години издвојуваат најмалку пари за долна облека (просечно 99,80 евра). Пазарот за долна облека кој опфаќа и чорапи, бележи сепак намалување на приходот од 3% во 2012 во однос на претходната година.