• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Со калинка до поубава кожа

by РиД 10/11/2019 0 Comment
 Со калинка до поубава кожа

Kолку и да ви се чини чистењето калинка проблематично, со малку труд ќе се исплати бидејќи постојат бројни причини поради кои морате да ја консумирате оваа есен.

Не само што е најстарото култивирано овошје на светот, туку станува збор и за најлековитото. Калинката потекнува од 6000 год п.н.е и е дел од грчката уметност и митологија, а Месопотамците верувале дека стеблото на калинката е всушност свето дрво. Во Јапонија се верувало дека ги брка лошите духови, а според исламска легенда секоја калинка содржи зрно кое дошло од рајот.

Се верува дека кралицата Изабела прва, откако во 1492 година ја освоила Гранада, стоела со калинка во рака и објавила: „Баш како и калинкава, ќе ја освојам Андалузија зрно по зрно“. Но таа не била единствената која ги користела моќите на калинката, бидејќи кралот ХенриIV, кој во Франција ги вратил благосостојбата и мирот, ја користел калинката како хералдски брош.

Постои причина зошто калинката била толку ценета во минатото. Опишана како „најлековито“ овошје на светот, овие мали но моќни топченца полни се со антиоксиданси кои ги ублажуваат воспалителните процеси и задебелувањето на артериите. Со други зборови, калинката му помага на вашето срце да остане здраво, а се појавуваат и докази дека може да помогне во борбата против ракот. Иако студиите сè уште се мали и потребни се уште истражувања, засега се тврди дека калинката го намалува протокот на крв кон туморите, што ги спречува клетките на ракот да се хранат. Исто така се истражува можноста калинката да го спречува растот на простатата како и ракот на бели дробови, дојка и дебело црево.

Исто така калинката содржи елагинска киселина, односно моќен антиоксиданс, кој го стимулира производството на колаген. Накратко, повеќе колаген значи помалку брчки на вашата кожа.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 348

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави


Fatal error: Allowed memory size of 134217728 bytes exhausted (tried to allocate 20480 bytes) in /home/entityme/addon-domains/ridWebsite/wp-includes/meta.php on line 1206