• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

5 растенија кои ќе ви помогнат да го освежите домот

Личност што сака кучиња наспроти личност што сака мачки: уникатни

Дали е можно да се забремени во тек на менструација?

Мал или голем дом, што е подобро?

Претераното конзумирање шеќер има долгорочни негативни последици по целокупното здравје

Преспивањето ја подобрува меморијата на вашите деца

Како да ја имате најубавата и најшарена расцветана градина

Пашканат – користете ги коренот и листовите

Мишел Обама: „Во брак сме 30 години, а 20 од

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Бременост Сакам бебе

Со јога до поквалитетно дишење во бременоста

by РиД 23/05/2010 0 Comment
 Со јога до поквалитетно дишење во бременоста

Јогата е специфична дисциплина која бара водство, но ако навистина е невозможно да посетувате часови по јога можете да го направите следново нешто кое е многу едноставно и корисно. Станува збор за освестување и следење на стомачното дишење кое нема да ви одземе повеќе од десeттина минути.

Стомачното или абдоминалното дишење е најприродно, најдлабоко и најквалитетно дишење. Набљудувајте ги бебињата или животните и ќе видите дека дишат токму на овој начин. Но со растењето ни се менуваат животните навики, за жал најчесто на полошо, го губиме контактот со себеси и сопственото тело, дишењето станува поплитко, а со тоа и помалку квалитетно. Жените во текот на бременоста, поради зголемувањето на стомакот и желбата да го заштитат бебето на секој можен начин, ја блокираат целосно оваа зона и при тоа се намалува чувството за неа и природниот начин на функционирање, што во никој случај не е добро. Вежбата можете да ја практикувате во секое време од денот и во секоја положба. Се што треба да направите е целото ваше внимание да го насочите на зоната на стомакот и да дозволите вашето дишење да се случува токму тука. Но можете тоа да го направите на начин како што се прави на часот по јога, седнати (како што е прикажано на слика 1), или ако ви е тешко седењето, легнете со нозете свиткани во колената (слика 2). Во која и да сте позиција, поставете ги дланките на стомакот, една над, а друга под папокот.

Секоја техника на дишење започнува со издишување. Дозволете целиот воздух од градите да излезе. Тогаш дланката го следи движењето на стомачните мускули кон долу, ако лежите, или кон назад, ако седите. Потоа опуштетe ги мускулите на стомакот и дозволете да се исполни долниот дел од градите со нов и свеж воздух и во тој момент дланката заедно со стомакот се движат кон горе, ако лежите или кон напред, ако седите. Внимавајте градниот кош да остане неподвижен. Правете го ова 5- 10 минути, свесно и континуирано, следејќи го струењето на воздухот низ ноздрвите во секое наредно вдишување и издишување. Дишењето нека се одвива лесно, природно и без никаков напор и кога ова ќе стане ваша секојдневна пракса, навистина ќе ја исполни својата улога – ќе ве смири целосно и ќе ве исполни со свежина, нова енергија и бистрина во умот.

Би било идеално да одвоите уште 15 минути во кои ќе продолжите со јогиска релаксација, во која ќе ги продолжите и продлабочите ефектите кои ги добивате со дишењето. Во тие моменти на мир и спокојство, понирате во вашата внатрешна тишина и чувствувате дека сте поблиску, најблиску до вашето бебе. Иако можете да ги почувствувате неговите движења, не можете да го видите, чуете и допрете, чувствувате дека е безбедно во вашата утроба, обвиено со нежност, топлина и многу љубов. И верувајте само тоа му е потребно, ништо повеќе, ниту помалку. Одвојте малку време само за вас двајцата, да си кажете дека сте тука еден за друг. Тогаш постоите само вие, тоа е целиот ваш свет и ништо не е поважно од тоа.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 166

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: bremenost disenje joga vezbi бременост вежби дишење јога
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна од бојата на вашата куќа?

16:40 22 May 2023

5 растенија кои ќе ви помогнат да го освежите домот

00:13 17 May 2023

Личност што сака кучиња наспроти личност што сака мачки: уникатни особини на личноста

11:37 15 May 2023

Дали е можно да се забремени во тек на менструација?

11:29 15 May 2023

Мал или голем дом, што е подобро?

11:25 15 May 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved