Снајкин колач
Состојки:
За тестото: 10 белки, 22 лажици шеќер, 100 г чоколадо, 5 лажици брашно, 1 пециво, 150 г сечкани ореви, 150 г кокос
За прв фил: 140г маргарин, 100г шеќер во прав, 150г мелени ореви, 100г чоколадо, 100мл млеко, банани сечени на кругови за над филот
За втор фил: 200г маргарин, 200г шеќер во прав, 3 ванилин шеќер
Приготвување:
Изматете ги белките со шеќерот и додајте го брашното измешано со пецивото, па промешајте со лажица. Смесата поделете ја на два еднакви дела. Во едниот изрендајте го чоколадото и додајте ги сечканите ореви, а во другиот 150г кокос. Тестата испечете ги одделно во рерна загреана на 180 степени.
За тоа време подгответе ги филовите.
За првиот фил – изматете ги 10 -те жолчки со шеќерот во прав и ванилите. Ставете да се варат на пареа. Откако ќе згусне смесата тргнете ја на страна да се излади. Млекото ставете го на оган да зоврие и со него попарете ги мелените ореви, па оставете да се излади. Чоколадото истопете го додека маргаринот изматете го со прав шеќерот и во него додајте ги попарените мелени ореви и стопеното чоколадо.
За вториот фил – изматете го маргаринот со прав шеќерот и додајте му ги изладените жолчки. Во овој фил може по желба да изрендате и едно чоколадо.
На крај – кафеавото тесто премачкајте го со жолтиот фил, над него ставете ред банани сечени на кругови, па кокосовото тесто. Премачкајте со кафеавиот фил и одозгора украсете со матен шлаг од чоколадо.
By Forgy