Грижи и предизвици на самохраните родители

Причините поради кои сте самохран родител можат да се од разделба, развод или смрт на партнерот. Денес да се биде самохран родител, значи да се соочувате со многу предизвици. Начинот на кој ќе балансирате меѓу животот и работата како самохран родител многу зависи од поддршката која ја добивате – социјална и финансиска. Во секој случај морате да побарате помош од блиските, бидејќи само на тој начин ќе можете да му го олесните на детето прилагодувањето со новата ситуација. Некои од грижите кои ги имаат самохраните родители, за кои можеби секој ден си поставувате прашања како да ги надминете, се следните:
1. Да се снајдете сами како родител, можеби ќе исплаши и ќе ве остави без здив. Но ако знаете како да се снајдете ќе можете полесно да се соочите со секој предизвик.
2. Може да постои чувство на некомплетност. Но ако тоа го забележи вашето дете, тогаш нема да успеете да формирате среќно мало семејство.
3. Морате да му одговорите на детето на секое прашање кое се врти низ неговите мисли за да ја намалите можноста да се оддалечите од него. Подоцна кога ќе биде доволно возрасно да разбере многу нешта, треба искрено да разговарате за секоја ситуација низ која поминувате. Вашето дете има право да знае сè што се случува со неговите родители.
4. Можноста да формирате ново семејство е потешка доколку имате дете, бидејќи тоа прво што ќе помисли е дека сега мора да ја дели својата мајка. Тоа е голема промена во неговиот живот за која вие морате да му помогнете. Пред сè најважно е на време да го подготвите за она кое следи. Мора да бидете и искрени со вашиот поранешен/а партнер/ка да имате здрава врска со него. Детето (децата) треба да биде вклучено во сите поголеми одлуки, а не да го исклучувате. Исто така тоа треба да добие шанса да го запознае вашиот нов партнер. Немојте да носите сами одлуки во име на детето. Слушајте го внимателно кога ќе сака нешто да ви каже за да не помисли „мама не ме разбира“. Нека му биде пријатно во секоја нова ситуација, наместо да се чувствува осамено и несфатено.
5. Дајте му време да биде само. Единствено нешто кое му е потребно е да го охрабрувате и да го поддржувате.
6. Вклучете го новиот партнер во семејните обврски и дозволете му на детето да стекне доверба и се чувствува пријатно со него. Не треба детето да почувствува дека вашиот нов партнер е замена за неговиот вистински родител или дека го зазема местото на родителот кој детето го памети поинаку. Исто така не треба новиот партнер да се постави авторитативно над вашето дете и да носи одлуки во негово име. Тоа нема да му се допадне на детето.
7. Кога мајката не е дома детето може да се почувствува осамено, дури и ако таа е надвор само на половина час. Сепак мајката има свои обврски кои мора да ги заврши, но затоа времето кое ќе го минува со детето, мора да биде квалитетно искористено и да направи детето да почувствува дека таа не го напушта, туку секогаш е тука за него.
8. Малите деца имаат потреба од од мајка повеќе време. Никогаш не организирајте активности во кои не ужива детето. Гледајте цртани филмови со него, ако тоа го радува.
9. Зборувајте за вашите секојдневни активности со детето, за да сфати дека сте отворени во вашиот меѓусебен однос.
10. Поставете правила и норми на однесувањето. Не значи дека сте самохран родител и мора да му дозволите сè по секоја цена. Забранете му да прави нешта кои се погрешни за него и кои можат да му донесат проблеми. На пример седењето на интернет и разговарањето со непознати лица и слично. Можете дури да го ставите компјутерот во дневна соба, каде ќе можете да набљудувате што прави додека е на нет. Исто така добро е да го ангажирате во разни активности, за да биде зафатено со корисни работи, наместо да тргне во погрешна насока.