Саем на жена 25-27 октомври
Настанот ќе трае од 25 до 27октомври и ќе понуди богатата забавна и едукативна програма, модни настани, големи број изложувачи и интерактивни штандови. За посетителите сите три дена, учесниците на Саемот ќе понудат посебни промоции и попусти, што е одлична можност да се разгалите себеси или да ги изненадите најблиските со интересен подарок.
Новитет годинава е партнерството со „Допирот на Париз“ , најголемиот конгрес и саем за професионална козметика, нега на коса, естетика и здравје на Балканот, кои ќе ги презентираат своите производи и услуги за да ги запознаат посетителите со новитетите во индустријата за убавина во целиот регион.
Дел од програмата е хуманитарниот моден настан Creative Support, на кој најновите модели на македонските хумани дизајнери прво ќе бидат изложени на модна ревија, а потоа ќе бидат понудени на аукција. Собраните средства од аукцијата ќе бидат наменети за купување перики за жените оперирани од рак на дојка.
Програмата и годинава ќе изобилува со предавања на разни теми во интерес на современата жена, презентации на нови производи, фризерско шоу на најдобриот фризер на Балканот – Влада Вергаш, шминкање во живо со Владо Георгиев, час по глума за најмалите и уште многу други интересни содржини. Воедно ќе можете да ја проследите и изложбата на фотографии на Фросина Илиевска насловена “Taa e…” – женски портрети. Од забавните настани го издвојуваме ток-шоуто во живо со Весна – Бејби Петрушевска со интересни лица од јавниот живот како нејзини гости.
Ова е дефинитивно дестинацијата за зближување, информација, инспирација, забава и искуство со најсаканите брендови и личности од Македонија и регионот.
{AG thumbWidth=”200″ thumbHeight=”120″ thumbAutoSize=”none” arrange=”priority” backgroundColor=”ffffff” foregroundColor=”808080″ highliteColor=”fea804″ frame_width=”500″ frame_height=”300″ newImageTag=”0″ newImageTag_days=”7″ paginUse=”1″ paginImagesPerGallery=”10″ albumUse=”1″ showSignature=”0″ plainTextCaptions=”1″ template=”classic” popupEngine=”slimbox”}2013/10/saem{/AG}