• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Решавајте ги своите обврски чекор по чекор

by РиД 17/06/2010 0 Comment
 Решавајте ги своите обврски чекор по чекор

Иако можеби никогаш нема да ви појде од рака со леснотија и на време да ги завршите сите свои секојдневни обврски и задачи, успешното завршување, дури и на една од тие работи, може да ви биде навистина голем поттик за понатаму. Според психолозите и малиот успех секогаш создава победничко чувство. Започнете со малите нешта и се разбира секогаш завршувајте ги. Тоа ќе ве мотивира да се зафатите со поголемите и посложени обврски. Во прилог следи листа на мали работи кои можат да се завршат за пет, петнаесет или триесет минути, без некој дополнителен напор. Доволно е да реализирате само една работа и веднаш задоволно да забележите како расположението расте.

1. Кога имате пет минути

– Договорите преглед кај својот доктор кој со месеци го одложувате

– Средете си ги ноктите

– Направите ред во потсетниците и сметките кои ги носите во чантата

– Направете нешто за своето тело, на пример една пилатес вежба: Легнете на грб, подигнете ги нозете под агол од 45 степени од подот, истовремено подигнете ја главата и вратот под истиот агол. Задржувајќи се така, испружете ги рацете до телото, со дланките свртени кон доле. Подигнете ги и спуштете ги рацете 100 пати (вдишете и издишете после секое петто кревање на рацете)

– Изедете јаболко

– Ставете дополнителна ролна тоалет хартија во бањата и заменете ги пешкирите со нови

– Убаво наместете го креветот, покријте го и наредете украсни перничиња

– Исполирајте ги своите омилени обувки со крема за детска кожа

– Избришете прашина од телевизорот или компјутерот, т.е од површините каде прашината најбрзо се собира

– Средете си ги веѓите

– Избришете го огледалото, насмејте се на својот одраз и гласно изговорете: „Догледање убавице!„

2. Кога имате петнаесет минути

– Исчистете ја работната маса во кујната и внимателно прередете ги зачините и другите продукти, или направете ред на местото каде што чувате весници

– Направете нешто за убавината: ставете си хранлива маска на лицето

– Испразнете ги сите корпи во домот и изнесете го сметот

– Исчистете ги мијалникот и кадата

– Испеглајте си ги своите омилени панталони и блуза

– Проверете кога треба да се платат сметките и останатите месечни трошоци и пресметајте колку тоа би чинело

– Погрижете се за телото: клекнете 15 пати или направите 10 склекови или 10 стомачни. После тоа пополека направете неколку вежби за истегнување и веднаш ќе се чувствувате подобро.

3.Кога имате триесет минути

– Јавете и се на пријателката која не сте ја слушнале со месеци и поради тоа веќе чувствувате грижа на совест

– Просурфајте на интересни туристички страници, добивајќи идеја за следното летување и навремено информирање за цените, условите.

– Испланирајте вечера со својот партнер или испланирајте да повикате гости. Размислете за менито, и тука може да ви помогне интернетот. Проверете кои продукти ви недостасуваат

– Прочитајте една глава на некоја добра книга која долго време планирате да ја читате

– Размислете кој од вашите блиски има овој месец роденден, купете честитки и размислете што на кого би можеле да купите

– Исклучете го својот мобилен телефон, не му се доближувајте на вашиот компјутер и медитирајте во мир и тишина добри половина час

– Напишете писмо (да, со рака) на стар пријател кој живее далеку од вас

– Дозволете си домашен педикир: направете купка за нозете, исечете си ги ноктите, отстранете ја тврдата кожа и убаво измасирајте си ги стопалата

– Направете ред помеѓу семејните фотографии во албумите или на вашиот компјутер. Заменете ги старите фотографии во рамките со нови.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 454

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: jabolko nega sreka telo vezbi zivot вежби живот јаболко нега радост среќа тело
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved