Неодоливата Шарлиз
Познатата холивудска актерка освојува со својот изглед каде и да се појави. Синоќа на премиерата за филмот „Прометеј“ во Лондон, Шарлиз Терон блескаше на црвениот тепих во едноставниот син кус фустан.
Актерката беше најголемата атракција која се појави вечерта на настанот во Лејчестер Сквер, со колегите Мајкл Фасендер и Номи Рапас и режисерот Ридли Скот.
Шарлиз изгледаше сензационално во минималистичкиот темно син фустан без прерамки, надополнет со црни сандали со ремчиња, црна светкава нараквица и голем прстен. Нежната шминка, на кожата со дискретен сјај го комплетираше изгледот на оваа убавица, кој не остави никого рамнодушен.