• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забременување Сакам бебе

До здрава бременост со поинаков начин на исхрана

by РиД 29/05/2012 0 Comment
 До здрава бременост со поинаков начин на исхрана

Што јадете додека се обидувате да забремените, е многу важно, а секако ќе биде и кога ќе забремените. Еве што треба, а што не, да јадете (пиете) за да бидете сигурни дека сте на добар пат до посакуваната и здрава бременост.

Полна чинија зеленило

Зелениот листест зеленчук како спанаќ, кељ и др., се одличен извор на филна киселина, која помага во превенција на дефекти во невролошкиот систем, вклучувајќи ја и спина бифида, во тек на раниот развој на фетусот. Тоа не значи дека секој ден треба да јадете салати. Има многу други начини да се подготви зелениот зеленчук. Искинете листови кељ, попрскајте ги со маслиново масло, посипете со малку морска сол и испечете ги како чипс. Или помешајте листови млад спанаќ со интегрална паста или кафеав ориз.

Пијте млеко

Богато е со калциум, кој е од круцијална важност за развојот на скелетот кај фетусот. Бидејќи е потребно време да се покачи нивото на калциум во телото, треба да почнете со земање на вашите дози калциум уште сега, додека се обидувате да забремените. Ако сте интолерантни на лактоза или не сте љубител на млеко, имајте во предвид дека и немлечните производи се богати со калциум исто така – риба, тофу, кељ, брокули и др., се само дел од видовите храна богати со овој минерал.

Откажете се од алкохолот

Повеќе светски здравствени организации укажуваат на тоа дека жените кои се обидуваат да зачнат не треба да пијат алкохол. Зошто? Првите фази од развојот на фетусот се најважни. Нервниот систем на бебето, кој е комплексна мрежа за праќање сигнали меѓу мозокот и другите делови од телото, се формира уште во првиот месец од бременоста, според некои сознанија дури откога ќе ви изостане првата менструација. Бидејќи алкохолот е најпознат како ризик фактор број еден за појава на разни ментални и физички проблеми кај новороденчињата, најдобро е да се откажете од него уште додека се обидувате да забремените.

Јадете малини

Малините (исто како боровинките и јагодите) се вкусен и здрав деликатес. Тие се богати со фитонутриенти кои се одлични во борбата со различни болести. Исто така содржат голема количина витамин Ц, кој е важен за нормалното создавање на колагенот. Со некои истражувања докажано е дека исхраната во која има ниско ниво на витамин Ц, го зголемува ризикот од предвремено породување. Затоа почестете се со една рака бобинки, измешани со малку јогурт и цереалии, наутро, за убав и здрав почеток на денот.

Јогурт за ужина

Содржи пробиотоци, добри бактерии, кои помагаат во зајакнување на имуниот систем. Ова е особено важно во бременоста, бидејќи вашето тело природно го намалува имунитетот, за да го заштити бебето. Барајте јогурт со „живи активни култури“ за да сте сигурни дека внесувате јогурт богат со пробиотици. Ако не сте љубител на јогуртот, заменете го со сличен млечен производ.

Кажете му „Не“ на непастеризираното млеко и сирење

Меките сирења како бри, фета и сино сирење, можат да предизвикаат инфекција (листерија) која е особено опасна за бремените жени. Таа може да е причина за спонтан абортуст, мртвородено бебе или сериозни здравствени проблеми. Виршлите и другите сувомесни производи се подеднакво опасни и можни предизвикувачи на оваа опасна бактериска инфекција, затоа воздржете се од овие јадења.

Не за месо од ајкула, сабјарка, скуша и некои видови корални риби

Овие видови риба содржат висок процент жива, која може да е штетна за нероденото бебе. Од американската Агенција за заштита на животна средина ги предупредуваат жените кои се обидуваат да забременат да не ги јадат овие риби. Тие додаваат дека другите видови риби се безбедни и обезбедуваат омега 3 масни киселини кои се важни за изградба на мозокот кај бебињата. Пред да ја јадете рибата добро згответе ја, за да се заштитите од можна бактериска инфекција.

Да, за црвеното месо

Околу шест милиони жени во репродуктивниот период имаат недостиг од железо во крвта, што е подеднакво опасно и во раната бременост. Анемијата во првите две тромесечија од бременоста го зголемува ризикот од предвремено породување. Исто така поради неа три пати е поголем ризикот за раѓање бебе со помала родилна тежина. Јадете младо телешко месо, убаво приготвено на пример со домати (содржат витамин Ц) за подигнување на нивото на железо во крвта.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 641

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: ishrana zabremenuvanje zdrava bremenost забременување здрава бременост исхрана
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved