• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Најлуда диета

by РиД 08/06/2012 0 Comment
 Најлуда диета

Ако сакате да ослабнете пет до десет килограми за шест недели, заборавете на Дукан и Аткинс. Прескокнете го појадокот, пијте кафе и бањајте се во ладна вода. Иако ова звучи како попис на нешта кои не треба да ги правите ако сакате да ослабнете, не се грижете. Станува збор за нова диета која стана толку популарна, што од топ листата на најпродавани прирачници за слабеење, на iTunes ја симна од прво место славната диета по Дукан.

Диетата со име ‘Six Weeks To OMG’ на британскиот автор и фитнес тренер Венис А. Фултон, е комбинација на научни истражувања и неговото искуство во работа со славни клиенти, на кои им помогнал во слабеењето и обликувањето на телото. За разлика од повеќе други диетални режими, Фултон не нуди структуриран план за оброци или рецепти, но вели дека ако ги прилагодите неговите совети на својот животен стил, можете да ослабнете 10 килограми за шест недели. Еве ги неговите шест чекори кои ги пренесува Mail Online.

1. Не појадувајте

Појадокот е најважниот оброк во денот, нели? Грешка! Најстрашен, но најважен дел во мојот план на исхрана гласи: престанете да појадувате шест недели – вели Фултон. Кога одите на спиење секогаш постои извесна количина енергија во вашиот организам – храна во желудникот, некоја во крвта, некоја складирана во црниот дроб. Но бидејќи вашиот мозок сè уште работи додека вие спиете, кога ќе станете нема да чувствувате ништо. Резултатот од тоа се сигналите кои мозокот ги праќа дека сме гладни и сакаме појадок. Ако сакате да ги изгубите масните резерви, не смеете да појадувате. Не јадете, движете се и вежбајте кога во организмот имате мало ниво енергија (кога сте се разбудиле и пред да појадувате) и вашето тело ќе согорува повеќе маснотии.

2. Секое утро ладна купка

Ладната купка наутро ќе го поттикне телото да ги согорува складираните маснотии и така побрзо ќе влијае на вашиот метаболизам во следните 12 – 15 часа. Морате да се бањате во вода чија температура е помеѓу 15 и 20 Ц степени и да издржите во водата повеќе од 15 минути. Немојте веднаш да излегувате, туку постепно и никако не се обидувајте да се загреете со топол туш, за да не се онесвестите.

Внимание – промените во телесната температура можат привремено да влијаат на крвниот притисок. Не користете ладна купка ако имате проблем со срцето, крвниот притисок или дијабетес.

3. Време е за кафе

По ладната купка, време е за филџан кафе. Кафето е природна напивка која ги согорува маснотиите, а тајната е во кофеинот. Тој ги отвора масните клетки чија содржина се испушта во крвотокот, од каде мастите одат во мускулите и функционираат како течно масно гориво. Но, морате да комбинирате утринска доза кофеин со телесни активности. Ако не го правите тоа, мастите ќе останат во крвтокот и со тек на време ќе ги оштетат артериите.

Испијте само еден мал филџан кафе, без шеќер, вештачки засладувачи или млеко, кои го поттикнуваат телото да ослободува инсулин, кој сигнализирајќи дека наскоро пристигнува храна, го сопира согорувањето на мастите.

4. Движете се

Комбинацијата од кофеин во крвта и телесна активност ќе го поттикне вашето тело да согорува повеќе складирани масти. Што повеќе мускули користите, резултатот ќе е подобар. Изберете ја активноста во која уживате и движете се 30 минути. Резултатите ќе бидат подобри ако се движите надвор, особено помеѓу осум и девет часот, бидејќи природната светлина го рестира нашиот биолошки часовник и го поттикнува создавањето на витамин Д.

5. Почнете да јадете

Многу диети советуваат да се јаде малку и често, што го засилува метаболизмот и помага во губењето на тежината, но Фултон советува три обилни оброци дневно. Телесните масти постојат за да си обезбедиме енергија кога не ја внесуваме преку храната, па мастите можеме да ги согориме само ако оставиме поголема пауза меѓу оброците. Подобро ќе го контактирате апетитот ако јадете три оброци дневно, без меѓуоброци. Најдобриот дел од денот да почнете со јадење е ручекот, а идеално би било вашиот последен оброк во денот да биде најмалку два часа пред спиење.

6. Контролирајте го внесувањето на јаглехидрати

Секој оброк треба да има барем 50% протеини. Тоа можеби звучи многу, но протеините го намалуваат апетитот и со часови го држат под контрола. Добар извор на протеини се пилешко, мисиркино, говедско, јагнешко, риба, јајца, јогурт, ореви, семе, леќа и слануток (непечена леблебија).

Но ако сакате да ослабнете, морате да го контролирате внесувањето на јаглехидрати – ваша цел е да не внесувате повеќе од 120 г јаглехидрати дневно. Изберете нерафинирани јаглехидрати кои даваат чувство на ситост и го одржуваат нивото на шеќер во крвта константно. Јадете повеќе зеленчук (само не – печен грав, цвекло, морков, компир и пченка, кои се сметаат за извор на јаглехидрати). Не јадете повеќе од три парчиња овошје дневно, бидејќи фруктозата го блокира дејството на лептинот, систем кој во нашиот организам сигнализира дека сме сити. Јадете мрсна риба како лосос, сардели или скуша, два пати неделно. Пијте вода и зелен чај, со филџан утринско кафе. Избегнување засладени и алкохолни пијалаци.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 400

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: luda dieta slabeenje луда диета слабеење
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved