Маринирани домати

Состојки:
– 900 г шери домати, 2 лажици ситно сечкан млад кромид, 80 мл маслиново масло, 50 мл вински оцет, 1-2 чешниња лук ситно сечкани, по 1 лажица сечкан магдонос, босилок, коријандер, сол и црн пипер по вкус
Приготвување
Во голем сад измешајте ги маслото, оцетот, лукот и сечканите зачини, па измешајте добро да се соединат состојките. Додајте ги кромидот и шери доматите исечкани на половинки. Промешајте додека добро се распоредат состојките. Покријте со тенка фолија и оставете најмалку 2-3 часа (или преку ноќ) за да се маринира. Пред сервирање промешајте и послужете со една лажица од маринадата, над доматите.
Важно – Салатата може да се прави и со обични домати. Изберете свежи зачини, кои ќе дадат убав мирис и вкус на маринадата. Никако не ја прескокнувајте фазата со маринирање, бидејќи токму во тоа е тајната на оваа салата.