• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

5 растенија кои ќе ви помогнат да го освежите домот

Личност што сака кучиња наспроти личност што сака мачки: уникатни

Дали е можно да се забремени во тек на менструација?

Мал или голем дом, што е подобро?

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

„Магичен глас“ – хуманитарен концерт за деца

by РиД 15/11/2017 0 Comment
 „Магичен глас“ – хуманитарен концерт за деца

Во сабота, 18ти ноември со почеток во 12 часот во големата сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи Симфонискиот концерт за деца под наслов „Магичен глас“, на кој како солист ќе настапи сопранот Билјана Јосифов. Аниматор на концертот е актерот Мартин Јордановски, миленик на детската публика. Концертот ќе се одржи под диригентската палка на Дијана Илкоска-Имери.

Приказната се однесува за едно момче кое сака да стане оперски пејач и сонува сон во кој тој навистина пее оперски арии. Во сонот, се појавува добрата вештерка, која е всушност оперска пејачка, и се обидува да му го оствари сонот. Вештерката доаѓа на коњ, наместо на метла, ја бркаат здодевни бумбари, потоа ја носи звукот на трубите, за на крајот да се претвори во дрвена кукла… Приказната е полна со хумор и изненадувања и прекрасна музика соодветно избрана за најмладите слушатели, дела од Копланд, Бернштајн, Римски-Корсаков, Моцарт, Мусоргски, Штраус, Росини.

Македонската филхармонија со овој концерт се приклучува кон хуманитарната акција за помош на седумгодишната Валерија Зафировска од Штип која боледува од тумор на мозокот. Приходот од продадените билети ќе биде наменет за нејзиното лекување.

Во декемви предвиден е уште еден Симфониски концерт за деца под наслов „Новогодишни волшепства“ кој ќе донесе музика од класичната литература наменета за оваа пригода. Новогодишниот концерт за деца ќе се одржи на 23ти  декември со почеток во 12 часот и ќе донесе многу изненадувања врзани за најубавите празници во годината.

Постер за концертот „Магичен глас“

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 129

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

17:04 12 Jul 2023

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

16:55 12 Jul 2023

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни за вашето дете

16:32 12 Jul 2023

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

15:56 12 Jul 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved