Како да носите дезен со линии
![Како да носите дезен со линии](https://roditeliideca.com.mk/wp-content/uploads/2012/06/moda-linii6.jpg)
Модните парчиња со линии, се повторно актуелни. Мoжете да ги носите во разни пригоди, само доволно е да ги искомбинирате со интересни модни додатоци и соодветни чевли.
Миди – вистински избор за овој фустан се женствените додатоци и нокти излакирани во жар црвена боја.
Мини – акцентот е ставен на светлите линии кои се одлична комбинација со смарагдно – зелена мини чантичка.
Макси – за лежерна прошетка, долгиот фустан кој има линии само во долниот дел можете да го вклопите со долго ланче и ниски сандали со нитни.