• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Љубов

Интимноста во бракот

by РиД 23/02/2010 0 Comment
 Интимноста во бракот

Инспириран од психо-терписката работа со брачни двојки, почитувајќи го искуството како најдобра теорија, дојдов до заклучок дека често пати вистинската работа која им е потребна на партнерите што минуваат низ брачна криза е едукацијата, во смисла на освестени вештини за препознавање и носење со сопствените емоционални потреби, но и со потребите на брачниот другар и заедништвото. Искуството покажува дека човековото однесување е комплексен спој на биолошки потреби, нагони, инстикти, психолошки и емоционaлни потреби, социјални ограничувања и бенефити, спиритуалност…

Тешко е да се најде генерализиран тероетски пристап кој дава задоволително објаснување на однесувањето на поединецот, а уште е помала веројатноста да се постави задоволителна теорија која би ја објаснила интеракцијата помеѓу поединците. На пиедесталот на комплексност на овие интеракции, игри со себе и со другите, би ги поставил брачните релации.

Стапката на разводи прогредира и постепено прераснува во социјална грижа. Но, сепак една од најголемите иронии на современото живеење, е фактот на “одржан“ брак на комплетни странци. Молк. Суптилни повреди. Кавги. Пропуштени можности. Бракот не е еквивалент на заеднички живот и поделени одговорности. “Да се биде дома“ не значи да се биде физички присутен. Бракот е емоционално заедништво. Бракот ја задоволува психолошката потреба на интимност на секој од партнерите.

Интимноста опфаќа многу повеќе од брачниот кревет. Таа не е само психолошки “каприц“, напротив почива на длабока биолошка потреба. Доказ на тоа е потребата на афективно врзување на детето со родителите, тоа не може да порасне, да созрее ако не доживее физичка и емоционална врска со друго човечко суштество. Она што е интересно е дека оваа биолошка потреба на афективно врзување и интимност не поминува со годините. Само премногу вешто се потиснува. Ние плашејќи се од притисоците на нашето Супер Его или поради личната суетност и несигурност, учиме како да го заштитиме сопственото Его од налетите и потребите на Идот. Но тоа не е решение. Напротив нашиот т.н. „излез“ не води во безизлезност. Напнатост, анаксиозност, дисфорија, субдепресивност, исчекување, љубомора и т.н, го исполнуваат нашето битие. Сакале или не во стравот да се соочиме со сопствените емоции, одбиваме да ги препознаеме, па ги проектираме на некој друг, најчесто на партнерот. Партнерите не зборуваат меѓу себе, туку се обвинуваат. Не се кажува она што се чувствува, туку се предвидуваат туѓите чувства. Се префрла “жешкиот костен од рака во рака“ – па во еден момент ги гори и двете раце. Тогаш обид за помирување, во спалната соба…. Интимноста не е секс, не го исклучува, но не се ограчничува на сексот. Сексот е физичко задоволство, кулминација на емоционална исполнетост.

Љубовта е емоција. Бракот, од друга страна, е договор – невидлив договор. Двајцата партнери стапуваат во тој договор носејќи ги со себе сите очекувања, ставови, желби и интереси. Но, со себе ја носат и својата емоционална меморија. Емоциите, се паметат, начините на кои емотивно реагираме и се доживуваме себеси се учат. Она што е еднаш научено тешко се менува , но се менува. Минатото е присутно во нашите врски и бракови, многу повеќе од што сме подготвени да си признаеме. Она што го доживуваме сега сме го доживеале и претходно. Тоа важи за двајцата партнери, но внатре во врската тоа не е очигедно и лесно за препознавање. Па води до недоразбирања, несогласувања и разочарување дека работите не се одвиваат онака како што сме очекувале. Клучот е во интимност, разбрана како себе -разбирање и себе -изразување пред партнерот, но и разбирање и прифаќање на неговите потреби.

Интимноста започнува со разговор, со подготвеност да се сподели она што се доживува, вклучува слушање, апсорбција на зборовите и доживувањата на партнерот, продолжува со прегратка, а завршува со секс. Отсуство на редовен секс во брачна врска, упатува на отсуство на интимност, значи нема сосолушување на туѓите потреби, нема емпатија, нема разговор, но нема и себеразбирање, не постои способност да се препознаат сопствените емоции. Тие се таложат, нашите одбрамнени механизми не штитат постиснувајќи ги подлабоко и подлабоко, постепено емоционално “прегорувајќи“ не. Па стануваме мајстори во препознавање на сопствената анксионозт, нерасположеност, безволност, апатичност, несоница, вешти ловци на секој погрешен збор или дури и мисла на нашиот партнер, вечни тргачи по среќа која брачниот другар ни ја ускратил.

Интимноста се гради и никогаш не е касно да се зајакне . Затоа за да бидат разбрани вашите потреби гласно говорете за нив, за да ги разберете потребите на партнерот ислушајте го, споделувајте, разговарајте, не препоставувајте. Нека ве поведе љубовта, а не стравот од љубовта.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 456

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: brak intimnost ljubov брак интимност љубов
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved