Билките и доењето
Развојот на вашето дете зависи од она што го јаде и пие, од хигиената во домот, од редовните прегледи, од многу нешта . Нo неговата насмевка зависи од тоа колку време поминувате со него, дали и како си играте, колку го гушкате и бакнувате.
Многу од нив имаат пријатен вкус што ги прави попривлечни за конзумирање, а исто така многу од нив се среќаваат како дополнителни елементи во познати витамини и додатоци во исхраната. Иако билките се природни, сепак не се секогаш сосема безбедни, особено за доилките.
Многу од нив содржат состојки кои имаат речиси исти ефекти на влијание како некои медикаменти и лесно преоѓаат преку мајчиното млеко, што ги прави опасни за мајката и нејзиното бебе. Така на пример кумаринот и никотинската киселина пронајдени во растението пискавица (лат. Trigonella foenum graecum англ.- Fenugreek) можат да имаат силно влијание на работата на срцето, крвниот притисок, количината на шеќерот во крвта (го намалува) и др. Ако доилката конзумира често и во големи количини чај од ова растение, сосема е можно и нејзиното бебе да ги почувствува истите симптоми. Бидејќи ефектите и концентрацијата на различни тревки во чаевите, таблетите, додатоците на исхраната, течностите можат да варираат, мајките кои дојат треба да бидат многу внимателни и селективни во нивната употреба како и во употребата на разни препарати на билна база.
Кој чај е безбеден?
Денес доилките имаат многу голем избор на чаеви, како и мешавини од чаеви и други пијалоци подготвени на природна база, кои можат безбедно да ги пијат . Најважно е да се држат до оние растителни чаеви кои не се резултат на чисти фармаколошки подготовки. Чај од портокал, цимет, лимон, малини –се добар избор. Друг чај со кој нема да погрешат е чајот од шипка, кој содржи голем процент на витамин Ц.
Но, некои билки треба сосема да се избегнуваат, дури и ако се само во мал процент во некоја мешавина од чај, особено оние кои се познати по своето моќно дејство. Така на пример гавежот (лат. Symphytum officinale англ. Comfrey) кој најчесто се користи во лекувањето рани, познат е по содржината на алкалоидни супстанции кои имаат силно дејство на нервниот систем, а во некои земји е сосема забранет.
Диететски природни препарати и доењето
Некои растенија се одлични диетални суплементи, особено поради содржината на микроелементи како селен и цинк. Иако некои растенија се безбедни ако се конзумираат во мали количини, не постои таков контролен механизам кој ќе ви гарантира прецизно дозирање на одредени билки во разните растителни диетални суплементи. Различните растенија, вклучувајќи ги фармаколошки активните билки како гинко, гинсенг, кава и валеријана, често се додатоци на разни диетални суплементи, што ги прави ризични за доилките. Опасноста која се поврзува со овие билки е што можат да предизвикаат нуспојави ако се земаат подолого време во поголеми количини. На пример подолго консумирање гинсенг може да предизивка зуење во ушите и вртоглавици, дури и ако имате прекинато со негова консумација постои ефект на продолжено дејство. Ова често е наречено „гинсенг синдром„. Најдобро правило е – доилката да не конзумира диетални суплементи ако не е сигурна во нивниот квалтет и содржина на одредени фармаколошки активни супстанции.
Ефектот на билките врз продукцијата на млеко
Доилките најчесто се заинтересирани како да ја зголемат продукцијата на млеко, особено ако се случи мајката и бебето да бидат разделени поради болест, што влијае на намалено излачување млеко или пак ако не може да дои мајката од разни причини. Според она кое може да се најде во некои литературата за билки, некои растенија навистина се смета дека влијаат на зголемување на продукцијата на млекото.
Број еден на листата е пискавицата – растение кое може да предизвика хипогликемија (пад на крвниот шеќер). Чајот од ова растение има мало влијание на продукцијата на млеко (а според некои истражувања и никакво), додека мајката го зема во големи дози, но како контра ефект е тоа што нејзиното млеко добива специфичен мирис кој се пренесува и на доенчето, како и на неговата урина, поради што често пати се поставува погрешна дијагноза дека кај него постои сериозен метаболитички проблем. Друга опасност поврзана со пискавицата е што често се споредува со кикириките – изразито моќен алерген. Можноста за појава на алергија кај бебето е изразито висока, а забележени се случаи на појава на стомачни грчеви, дијареа и сл, кај доенчиња чии мајки консумирале чај или таблети на база на пискавица.
Анасон (коморача, морача -лат. Foeniculum vulgare) е билка одамна позната како одлична за зголемување на лактацијата. Иако нема научни докази дека тоа е точно, сепак добро е доилките да го консумираат во мали количини. Ова растение често се користи и како зачин за риба или јадења од зеленчук. Според ботаничарите, чајот од анасон е добар за стомачни грчеви и ослободување на стомачните гасови. А според некои истражувања тој влијае на намалување на апетитот, иако не е докажано. Иако мали количини од чајот подготвен од семето на анасон се безбедни, сепак маслото од делови на анасон треба да се избегнува. Тоа е токсично и може да предизвика респираторни проблеми дури и во минимални количини (1 – 5 мл, т.е 1 лажиче).
Влијание на други билки за кои треба да се консултирате со вашиот лекар
Ехинацеа (лат. Echinacea angustifolia ) е растение познато како подобрувач на имуниот систем, а особено при појава на знаци на настинка. Сепак мислењата се поделени. Според некои таа ги олеснува симптомите слични на настинка преку плацебо ефект, додека според други не е откриено дека има којзнае какво влијание. Колку и да се различни и несигурни овие студии, ехинацеата е безбедна ако се зема кратко време во мали количини.
Кантарион (лат. Hypericum perforatum) е растение кое за кое се сметало дека има натприродни моќи, и кое е најпознато и денес како одлично терапевтско дејство. Античките народи верувале дека аромата од кантарион може да ги избрка злите духови. Долго време за третмани против депресија се користеле средства на база на кантарион. И денес сеуште можат да се најдат антидепресивни лекови на база на кантарион (но тоа дејство не може да се спореди со некои силни антидепресивни лекови).
Доилките не треба да го земаат без консултација со својот лекар. Иако е природен, чајот од кантарион, сепак може да влијае како антидепресив што не е така наивно. Покрај тоа може да го намали дејствието на некои други лекови, па затоа не треба да се зема во разни комбинации. Бидејќи кантарионот се смета за природна и корисна билка, многу медикаменти на база на кантарион се лесно достапни без лекарска рецепта. Она кое малкумина го знаат е дека кантаринот има многу непријатни спротивни ефекти. Комбинација од кантарион и амброзија можат да предизвикаат сериозни алергиски реакции, како и астма.
Иако не е потребен рецепт, сепак добро е да се консултирате со лекарот пред да земете било што на база на кантарион.
Препораки:
– Избегнувајте чаеви на растителна база, но со активни фармаколошки состојки. Пијте само природни чаеви.
– Ограничете го внесувањето на било кој препарат на билна база кој во себе има комбинација од неколку состојки.
– Секогаш проверете го составот. Дури и витамините како и некои таблети на база на билки можат да содржат материи кои не смеаат да ги конзумираат доилките, како гинко и гинсенг.
– Купувајте од докажани брендови кои стојат зад квалитетот на она кое го продаваат, и секако внимавајте на рокот на употреба, како и името на производителот и дистрибутерот.
– Секогаш консултирајте се со својот лекар пред да почнете да земате било каков препарат за тоа дали смеете да го земате и какво е неговото влијание на другите медикаменти ако евентуално ги земате.