Имајте забавна есенска бременост
Со сите свои прекрасни бои и богатството од есенски плодови, есента е прекрасно годишно време. Ако очекувате бебе искористете го овој период за да си ја направите бременоста што позабавна.
Вратете се во школо – децата и студентите не се единствените кои во овој период се враќаат во училишните клупи. Ако сте бремена, можете и вие да се едуцирате. Запишете се на некој курс за трудници, совети за родители, доилки….Посетете некој интересен семинар. Тие часови можат да бидат најдоброто нешто кое сте го направиле за себе.
Закажете фотографирање во природа- прекрасните есенски пејсажи се одлична позадина за фотографии на трудници. Па ако вашето стомаче веќе се гледа, изнајмете професионален фотограф или некој пријател кој добро знае да фотографира и излезете надвор да направите неколку интересни фотографии за спомен од овој за вас најубав период.
Уживајте во есенските вкусови – пазарите се преполни со богатство од есенски плодови- тикви, разновиден зеленчук, јаболки… Згответе си палачинки со јаболки, колач од тиква… Вие сте во период кога ви е дозволено да си ги задоволите сите желби за храна без страв дека ќе качите некој килограм.
Облечете се во најлежерна облека – ако сте при крај со бременоста и стомакот веќе ви е голем, завиткајте се во најудобниот есенски џемпер. Бидејќи во овој период од бременоста најчесто ви е топло, добро е под џемперот да носите некоја маичка со интересен напис, удобни панталони и рамни чизми.
Исцртајте на стомакот тиква – или лубеница. Направете откачени фотографии на кои еден ден со детето заедно ќе се смеете. Бидете креативни, дозволете си да се забавувате и да ја помните бременоста по вакви откачени мигови.
Собирајте листови – излезете во природа и шетајте. Свежиот воздух ќе ви годи, а собирањето на листовите ќе ви биде добра вежба. Уште ако сте креативни можете од нив да направите некоја интересна изработка.