Нов интернет хит – откачени фотографии од “трудни“ татковци
Фотографиите од бременоста се прекрасен спомен на секоја идна мајка, од еден убав период. Најчесто во нив се вклучени и партнерите, идните татковци, кои позираат држејќи ги партнерките за стомакот. Но благодарение на новиот интернет тренд, иднитe татковци позираат со своите бремени партнерки и прават откачени фотографии кои станаа вистински интернет хит.
Имено тие позираат така да на фотографијата изгледаат како да се бремени. При тоа тие не користат дополнителни помошни средства со кои ќе направат да имаат “труднички стомак“, туку позираат заедно со бремената партнерката, под таков агол што изгледа дека стомакот е нивен.
Еве неколку интересни примери: