• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забава

Има многу предизвици во воспитувањето машки деца

by РиД 29/10/2020 0 Comment
 Има многу предизвици во воспитувањето машки деца

– За вистинскиот вежбач нема лоши услови или неповолна ситација. Оној што сака наоѓа начин, а оној што не сака наоѓа изговор. Ситуацијата кога беа затворени сали, теретани и терени нè научи дека можеме да вежбаме кога сакаме и каде сакаме и тоа за бесплатно. Не мора да се придржуваме до термини, избор на сала, справи за вежбање, а не мора да бираме ниту тренер или инструктор. Од друга страна оваа ситуација нè научи дека секогаш сме препуштени сами на себе за мотивација и инспирација. А за вежби, зарем е мал Јутуб изборот?

  • Како успевате да ја задржите позитивната енергија во ова ново за сите време-невреме, кога сме соочени со нова необична реалност ковид-19?

– Колку и да им звучи необично на другите, мојата насмевка е одлука и мојата позитивна енергија е одлука. Тоа не значи дека не сум свесна и не ме загрижува целава ситација. Но дали ако секој ден се плашам, гледам статистика, читам и собирам информации за пандемијава помагам? Не ме прави одговорен граѓанин живеењето во страв или повторувањето колку е опасна пандемијата. Сметам дека сега е време секој поединечно во рамките на своето умеење да помогне. Јас тоа го правам со позитивна мисла, со поинакви теми, со разговори за книги за вежбање за убави работи. Некој тоа го прави со споделување на убави рецепт, некој со смешно видео од сопственото дете, некоја мајка разговара на темата за стрии. Значи светот не е запрен и понатаму се случуваат истите работи и понатаму се раѓаат деца, се менуваат пелени и понатаму сме родител. Лично сметам дека сега е вистинско време за други теми, за личен развој, за паметни мисли и позитивна енергија. Тоа е единствен начин за излез од црнилото! Какви ти се мислите таков ти е животот.

  • Како сопруга, мајка на две момчиња, колку време можете да им посветите на најблиските?

– Отсекогаш имав желба да имам машки деца затоа што сметам дека некако сè им е полесно на машките во овој свет, па можеби себично размислував дека не сакам женско дете за да не го гледам како ми се мачи. Знаете како кога растат девојчињата се соочуваат со многу повеќе промени, предрасуди и сл: „Дебела си за балет, не е за тебе карате.“ Па заљубувања, драматични раскинувања, дискриминација на работа, сексистички изјави, породување, постпородилни депресии. И лично сметам дека никогаш не можеме да зборуваме за машко- женска рамноправност. Можеби рамноправноста би можела да се достигне на социјално, но никогаш на емоциоионално ниво. А на машките им е некако полесно: тренерки, патки, топка и „Кај си бе брат!“.
Има многу предизвици воспитувањето и на машките деца како на пример да се научат да бидат уредни, да нема тепачки, стравот од алкохол и консумација на недозволени супстанци. Одговорноста која ја имаат да го чуваат и да го обезбедат семејството, да бидат трпеливи и мудри, да носат одлуки и сл. Поинакво е воспитувањето на машко и женско дете во тоа сум сигурна. А време за моите деца имам секогаш доволно и секогаш активно го поминуваме.

  • Значи вашиот свет во изолација е многу шарен?

– Да, полн е со книги и мудрости, со мирис на цимет и јаболко од питата која се пече во рерна. Бучен од довикувањата на синовите со другарчињата на онлајн наставата, поврзан со куцкањето на тастатурата на компјутерот на мама и звуците на аудио книгите од слушалките. Полн со гушкање, со негодување кој треба да ги однесе садовите за миење, со патување во мислите, со гледање филмови, со татковски совети и мајчински грижи. Свет сличен на сите други, но субјективно најубав.

  • Освен „Блескајте“ вашиот слоган што би им препорачале на нашите читатели?

– Обидете се секој ден да направите нешто кое некој друг ќе го прифати како добар пример.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 405

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави


Fatal error: Allowed memory size of 134217728 bytes exhausted (tried to allocate 20480 bytes) in /home/entityme/addon-domains/ridWebsite/wp-includes/meta.php on line 1202