• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Дом

Есенски топли тонови за убава атмосфера во домот

by РиД 26/10/2020 0 Comment
 Есенски топли тонови за убава атмосфера во домот

 

Есента доаѓа, ни ги носи своите бои и времето што нè известуваат дека летото е зад нас. Многу нешта се менуваат во природата, а со тоа и нашите навики за уредување на просторот како дома, така и во дворот.  Влезот во куќата е нешто што треба да се земе предвид, не само во функционална смисла – туку пристапот кон куќата треба да изгледа убаво.

Есенските бои во природата се прекрасен спектар – од зелена до жолта, портокалова и црвена, сите комбинирани со бојата на дрвјата и земјата ви ги полни очите со убавина од интензивни бои.
За декорација на влезот во домот користете ги сите овие бои, но и плодовите кои ги дава природата. Жолтот есенско лисје и тиквите се многу ефективен декор сами за асебе, но исто така и искомбинирани заедно.
Интересна саксија со актуелни есенски цвеќиња, тикв и аранжман од суво цвеќе или гранчиња – толку едноставно, а ќе даде свеж и пријатен амбиент.
Сето ова дополнете го со затворен свеќник и украсна свеќа, чиј пламен во вечерните часови ќе им даде посебна бајка и романтичен изглед на целата куќа и влезниот дел.

Слама искомбинирана со есенски лисја – ќе даде нота на природност и свежина, а свеќник со миризлива свеќа ќе го надополни секое катче.
Тиквите се навистина најефикасни за украсување. Од двете страни на влезот, едноставно наредете ги овие жолти украси, дополнете со жолти саксии и и украсете ја вратата со венец од есенски лисја.

Плетени корпи и дрвени садови, во комбинација со споменатите (неизбежни) есенски мотиви – ќе додадат повеќе природност и ќе се чувствувате како да сте во шумска бајка.

Исто така можете да направите дрвена табла со порака за добредојде.

Ви предлагаме да се занесете во имагинативна декорација на влезот во куќата, ќе уживате во самиот креативен процес, а влезот кон домот ќе даде еден посебен впечаток и посебна енергија на топлина во целиот дом.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 541

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved