• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

5 растенија кои ќе ви помогнат да го освежите домот

Личност што сака кучиња наспроти личност што сака мачки: уникатни

Дали е можно да се забремени во тек на менструација?

Мал или голем дом, што е подобро?

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Компанијата „Варус“ го одбележа 30 годишниот јубилеј со донација од едукативно катче

by РиД 26/10/2020 0 Comment
 Компанијата „Варус“ го одбележа 30 годишниот јубилеј со донација од едукативно катче

На 15 октомври  менаџментот на фармацевтската компанија „Варус“ го предаде во употреба новиот едукативен центар кој ќе можат да го користат деца и млади од 5 до 17 години, за надградување на своите вештини и знаења од областа на природните науки. На настанот присуствуваа градоначаникот на Град Скопје, Петре Шилегов, директорката на Детскиот културен центар „Карпош“, д-р. Билјана Лалчевска Серафимовска.

Со овој проект се одбележуваат 30 години од постоењето на компанијата „Варус“, со која Бионика Фармацеутикалс се дел од една Групација.

– По повод одбележување на 30 годишнината на „Варус“, овој центар за природни науки претставува наш мал придонес во развојот на потенцијалите на нашите најмлади истражувачи и идни научници во државата. Ова е место, со кое се надеваме дека дополнително ќе го поттикнеме нивното љубопитство за природни науки, каде ќе можат да ги прошират своите хоризонти и да ги реализираат своите идеи- изјави Марко Нововиќ, извршниот директор на компанијата „Варус“ и истакна дека ова е само еден од низата општествено одговорни проекти на кои компанијата работи години наназад и ќе продолжи да работи и во иднина.

Едукативниот центар е опремен со интерактивен панел кој овозможува 3Д модели од анатомија, микроскопи, анатомски модели од човековото тело, модели на ДНК, целосен хемиски лабораториски сет и апарат за дестилација. Вистинско место, за децата и младите кои сакаат да истражуваат и да ги прошират своите знаења во областа на природните науки.

Директорката на Детскиот културен центар „Карпош“, д-р. Билјана Лалчевска Серафимовска изрази благодарност до компанијата „Варус“ и истакна:

– Нема поважна инвестиција од онаа кога се инвестира во младите генерации. Ова катче е создадено со многу љубов и внимание заедно со компанијата „Варус“, каде на младите посетители ќе им се овозможи да ги развиваат своите вештини, да го надградат своето знаење, критички да размислуваат, да истражуваат, да носат сопствени заклучоци. Дополнително, „Варус“ хортикултурно го уреди и надворешниот простор, една мала ботаничка градина, во која децата и нивните родители навистина ќе уживаат во паузите помеѓу активностите, кои секако во целиот Центар се одвиваат под посебни протоколи за заштита од Ковид 19.

Проектот е реализиран благодарение на одличната соработка меѓу сите чинители и со голема поддршка на Градот Скопје. Оттаму ја препознаа неговата вредност за младите генерации, дополнително земајќи ги предвид исклучителните услови во кои, оваа година, се одвива образовниот процес.

– Денеска е убав ден за Детскиот културен центар „Карпош“, отвораме нов едукативен центар благодарение на општествената одговорност на компанијата „Варус“. Станува збор за центар во кој нашите деца, нашите ученици, ќе можат надвор од своите редовни школски активности да ги развиваат своите афинитети кон природните науки во најсовремени услови кои беа овозможени благодарејќи на оваа донација. Ќе ги повикам и другите општествено одговорни компании во нашиот град да инвестираат во знаењето на децата, на оние кои ќе треба да бидат носители во нашето општество. Благодарност и до вработените во ДКЦ кои несебично се вложуваат со натчовечки напори во овие тешки услови во кои живееме активностите на децата да не запрат – рече градоначалникот Петре Шилегов.

За компанијата „Варус“

Основана во 1990 година, „Варус“ е меѓу првите приватни компании за промет на големо со лекови, хемикалии, реагенси, лабораториски потрошен материјал, опрема и медицински помагала и веќе три децении работи на македонскиот и пазарот на југоисточна европа. „Варус“ е ексклузивен застапник и дистрибутер за РС Македонија, Албанија и Косово на најстарата хемиско-фармацевтска компанија во светот Merck KgaA од Германија. Портфолиото на компанијата исто така ги вклучува и производите и услугите на Sigma-Aldrich, Millipore, Kurita и Бионика Фармацеутикалс – производствена компанија за фармацевтски производи основана од „Варус“ која годинава исто така одбележува значаен јубилеј, 10 години од своето основање.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 217

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

17:04 12 Jul 2023

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

16:55 12 Jul 2023

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни за вашето дете

16:32 12 Jul 2023

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

15:56 12 Jul 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved