• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

До која возраст со цуцла?

by РиД 16/11/2019 0 Comment
 До која возраст со цуцла?

Цуцлата лажливка нуди удобност не само за детето, туку и за родителите, затоа што најбрзо го смирува детето. Но кога ќе дојде време да се ослободите од нејзе засекогаш, тоа може да биде потешко отколку што очекувавте. Некогаш за тоа не сте подготвени, ниту вие, ниту детето.

Користењето на цуцла-лажливка во принцип не е добро, но бидејќи многу често се користи најдобро е ако веќе се користи кај некое дете одвикнувањето да почне пред крајот на првата година. Да не се дозволи детето да ја користи цуцлата лажливка над првата година, бидејќи на возраст над една година може да доведе до одредени деформитетите на усната шуплина. Во основа цуцлата се користи најмногу за да не плаче бебето, негово смирување и „купување“ на личниот мир на родителите.

Одвикнувањето од цуцла може да си го олесните со неколку трикови – поклонете ја цуцлата на мало бебе, од пријатели, роднини… Кажете му на своето дете дека цуцлaта сега му е повеќе потребна на бебето, отколку нему, заедно запакувајте ја и однесете ја. Ако ова е премногу едноставно за вас, можете да го исечете врвот од цуцлата и кажете му на детето дека е „расипана“ и не може да се поправи. Или премачкајте ја со храна која не ја сака, па кога ќе ја проба детето цуцлата, таа ќе го асоцира на храната која не ја сака и ќе престане да ја бара.
Направете систем за наградување – детето само нека избере кога ќе се одвикне од цуцлата. Направете табела во која ќе ставате ѕвездичка секогаш кога ќе заспие без нејзе. Кога ќе соберете доволен број ѕвездички детето само нека избере каква награда сака – да добие играчка, да го однесете во игротека, парк…

Доколку не ви се допаѓа ниту еден метод, можете да ја фрлите и да почекате неколку дена додека детето се навикне (што може да биде со плачење и барање нова).
Избегнувајте да го омаловажувате и понижувате детето и не почнувајте со одвикнување кога тоа се соочува со нов стрес како што е раѓање ново бебе, преселба, промена на дадилка, тргнување во градинка и слично.

Одвикнувањето од цуцла е еден од најголемите проблеми, но бидете трпеливи бидејќи долгото користење може да биде штетно за правилниот развој на забите и говорот.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 445

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved