• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Љубов

Дали храната може да го смени вашиот интимен живот?

by РиД 18/01/2020 0 Comment
 Дали храната може да го смени вашиот интимен живот?

Честопати имаме разни идеи за видовите храна која треба да нè направи привлечни. Но, може ли храната навистина да го подобри сексуалниот живот, да го смени вашето расположение и да ја зголеми плодноста? На која храна помислувате кога сакате да бидете романтични? Можеби чоколадо, шампањско или јагоди?

Откако Хипократ рекол : „Дозволете храната да биде ваш лек, а вашиот лек да е вашата храна“, постојат разни студии кои сугреираат дека одредени видови храна ги менуваат хемиските процеси во мозокот и влијаат на расположението и сексуалните перформанси. Сите знаеме дека чоколадата добро влијае на расположението и ја намалува напнатоста. Други начини на кои храната влијае на организмот сe:

1.  За зголемена плодност кај мажите
– Со поголемо внесување на витамин Ц и Д се намалува оштетувањето во спермата и се зголемува нејзиниот ДНК квалитет, а внесот на антиоксиданси (витамин Ц), цинк, селен ја зголемуваат подвижноста на сперматозоидите.
Предлог – здраво смути:
– 2 лупени киви, 2 филџани сечка кељ, 2 лупени портокали, 1 филџан сечкан ананас, 1 филџан кокосово млеко, 1 филџан ситнет мраз. Изблендирајте во блендер да добиете хомогена смеса.

2. За зголемена потенција кај мажите
– Шитаке печурки (богати се со витамин Д), бразилски ореви ( богати се со селен), лубеница ( ја подобрува циркулацијата на крв), корен од мака ( природно го зголемува тестостеронот), кромид (ја подобрува работата на репродуктивните органи и нивото на тестостерон кај мажите и жените), лук ( содржи алицин кој го зголемува нивото на тестостерон), урми ( богати се со аминокиселини и ја зголемуваат сексуалната издржливост), гоџи бобинки (се користат како сексуален тоник во азиските земји).

3. Може ли мирисот на храна да возбуди
– Во различни фази од животот можеме да доживееме ниско либидо. Во такви ситуации сетилата можат да ги подобрат перформансите и да резултираат со поголемо сексуално задоволство. Неодамнешна студија откри дека сеќавањето на мирис и чувстото на пријатни емоции кои ги поттикнуваат одредени продукти, го подобруваат крвотокот во половите органи. Затоа следен пат кога ќе се подготвувате за во кревет еве што можете да искористите за подобрување на сексуалната возбуда:
За мажи: ванила, пита од јаболки, печено месо, лаванда, пита од тиква
За жени: краставици, лаванда, ванила

4. Дали афродизијакот ја зголемува сексуалната желба?
– Или е до храната или до вашиот партнер. Научно е докажано дека храната нема никакво влијание на зголемување на сексуалната желба. Сите физички реакции се последица од размена на физички и психички емоции меѓу партнерите. Но, кој вели дека храната не може да биде забавна?

5. Дали може храната да го трансформира расположението и да ги намали сексуалните тегоби?
– Храната има позитивно влијание на расположението. Исхраната која вклучува немасни млечни производи и морската риба која е богата со витамин Д, го намалува ПМС-от до 50%. Ако сакате да си олесните во овој период треба да јадете: немасно млеко, тврдо сирење, јогурт, јајца, риба.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 397

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved