Алиса во земјата на чудата
Претставата е според познатиот текст на Чарлс Лутвиг Доџсон „Алиса во земјата на чудата“ кој го адаптираа и режираа едукаторите на „5+“ Драмското студио, Александра Стојановска и Филип Кипровски. Изборот на музиката е на Влатко Галевски, а на сцената ќе може да се видат и специјално дизајнирани видео анимации, продуцирани од „5+“ продукција.
Претставата ќе се одржи на 7 Јуни (сабота) 2014 година во Драмски Театар – Скопје, со почеток во 12.00 часот.
Сите заинтересирани може да купат билети на билетарата во Драмски Театар по цена од 100 денари. Средствата од билетите ќе бидат наменети за „Дневниот центар за децата со посебни потреби“ во Битола.