• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Бременост Сакам бебе

Да се пријавува дискриминација по основ бременост, раѓање и родителство

by РиД 13/04/2013 0 Comment
 Да се пријавува дискриминација по основ бременост, раѓање и родителство

Податоците направени минатата година покажуваат дека дури на 21 процент од 1.000 испитанички при интервју за барање работа им било поставено прашањето дали се во  брачна состојба и дали планираат да имаат деца.Сите работници жени кои биле дискриминирани од работодавачи по основ на бременост, раѓање и родителство случаите да ги пријават на телефонските броеви 15 131 и 15 505 или со пријава до Државниот инспекторат за труд со цел државата да може успешно да се бори против оваа појава, апелираат од Министерството за труд и социјална политика.

– Досега во Државниот инспекторат за труд се уште нема ниту една пријава по овој основ иако неофицијалните информации говорат дека при вработување многу често врз популацијата од женски род се врши дискриминација и од кандидатките се бараат одговори кои никаде не се запишани на хартија, ниту во објавениот конкурс, а се поврзани со нивната интима – дали се мажени, дали планираат да се мажат, дали имаат деца, дали планираат да раѓаат деца… од што директно зависи одлуката на работодавачот дали ќе го добијат работното место, рече на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, додавајќи дека заради ова ќе почне и реализација на кампања за подигнување на јавната свест за овој проблем.

Доколку работничките не се охрабрат да ги пријават случаите, додаде тој, неможна е борбата против ваквиот вид на дискриминација и покрај законските измени кои се донесени.

– Со измените во Законот за работни односи се забранува секаков облик на дискриминација поврзана со пристапот до вработување, условите за работа и сите права од работен однос, вклучувајќи го и откажувањето на договорот за вработување на жените кои се наоѓаат во состојба на бременост или користат права по основ на родителство. Забранивме работодавачите при вработувањето да бараат од кандидатите тест за бременост или потврда за таков тест при склучување на договор за вработување со жена, без оглед на видот на работното место. Воведовме обврска доколку работата за која се бара работникот предизвикува значителен ризик за здравјето на мајката и детето, работодавачот е должен претходно да ја извести работничката за опасностите коишто произлегуваат од работата на работното место и да ги преземе сите мерки на заштита согласно со прописите за безбедност и здравје при работа, истакна Ристовски.

Додаде дека во делот на откажување на договорот за вработување на работник за време на бременост, раѓање и родителство, за време на сместување на дете кај посвоител, отсуство од работа за родителство од страна на татко или посвоител на дете, скратено работно време поради грижа за дете со развојни проблеми, како и спреченост за нега на дете  до тригодишна возраст, отказот е ништовен доколку на денот на врачување работодавачот бил запознаен за ваквите состојби или доколку работникот во рок од 15 дена од врачувањето го известил работодавачот за постоење на наведените состојби.

– Ваквите случаи треба да се пријавуваат, а во нив случајот на докажување е на товар на работодавачот, истакна министерот Ристовски.

Тој потсети дека минатата година била направена анализа со алармантни податоци дека дури 21 процент од 1.000 испитанички одговориле оти при интервју за вработување им било поставено прашање дали наскоро планираат да имаат деца, а над 66 проценти одговориле дека нивниот одговор имал директно влијание врз засновањето на работниот однос. Најави дека наскоро ќе биде направена и нова, со цел да се види дали и какво влијание имаат постигнато измените на законот за работни односи во оваа сфера.

МИА

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 434

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: bremenost diskriminacija zeni бременост дискриминација жени
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved