За помош на Најден
Поттикнати од приказната која ја потресе Македонија, здружението „Родители и деца“ со пријателите, организира акција за собирање донации за малиот Најден. Акцијата ја поддржува и компанијата Тинекс.
– На детето му се потребни најмногу – облека, млеко Нан и пелени памперс.
– За да не биде комплицирано, ќе се собираат пари и потоа ќе се купат потребните работи.
– Не е на одмет и нема да одбиеме ако за некого е полесно да донесе бебешка, најмала облека, памперс пелени, млеко NAN (неотпакувано), марамици и сл.
Донациите ќе се збираат во сабота 13 април од 12 до 15 часот во кафулето АБЦ на бул. Илинденска.
Во акцијата се вклучува компанијата Тинекс преку платформата „Тинекс, ти и јас“ како донатор на ваучери на неделно ниво за пелени, млеко и козметика се‘ додека има потреба за тоа.
Истовремено ве информираме дека група граѓани организира уште еден настан за собирање донции за Најден, во недела 14 април од 12 – 14 часот, во градски парк кај Школка.