Невеста на 74 години
Белата свадба треба да се одржи оваа година на циришкото езеро, а за готвењето Тина ги ангажаирала Рик Зандонели и Хорст Питерман, главните готвачи од својот омилен ресторан.
Тина и Ервин се запознаа 1986 година во Германија, кога таа беше на турнеја, а Бах беше директор во „Еми“ дискографската куќа. Бах претходно ја имаше запросено, но Тина јавно изјави дека поради проблематичниот брак со Ајк Тарнер, кој ја злоупотребуваше, нема намера пак да се мажи. Но, сега очигледно го сменила мислењето.