Шарени срца од стари боички
Што да правите со остатоците од мрсните боички, кои најчесто се мали и искршени парчиња? Ви пречат, не можете да ги сместите никаде и наједноставно и логично решение е да ги фрлите. Но, една мајка која го имала истиот проблем дошла на многу интересна идеја. Еве за што се работи:
Соберете ги и излупете ги од хартијата сите парчиња од мрсни боички. Без разлика колку се ситни.
Потоа земете стари калапи за колачи, по избор – овде се користени силиконски калапи во облик на срце (имајте во предвид дека потоа не е препорачливо да ги користите калапите за готвење).
Во калапите распоредете ги парчињата од боици, и правете комбинации по ваш избор. Ставете ги во рерна загреана на 250 степени, околу 15 минути. При тоа собата треба постојано да се проветрува.
Оставете ги стопените боици да се изладат. Потоа се подготвени за користење и правење прекрасни цртежи.
Напомена – проектот е правен со мрсни боички Crayola, кои се познати по својот квалитет и безбедност за децата. Ако се решите да корисите други мрсни боички информирајте се околу нивниот состав, како и тоа дали и колку се безбедни.