• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Дом

Што се афлатоксини?

by РиД 21/02/2013 0 Comment
 Што се афлатоксини?

Афлатоксините се најсилната позната канцерогена супстанца во природата. Овие хемикалии всушност се почести во природата и ги создаваат габите од семејството Aspergillus.

Станува збор за одамна познат токсин, чија структура е објавена пред педесетина години како и опасноста која ја претставува за здравјето во смисла на развој на малигни заболувања и намалување на имунолошките функции на организмот. Тоа е докажано во добро контролирани клинички студии, а најголемите од нив се спроведени во подрачја на топла и влажна клима.

Габите Aspergillus се широко распространети. Најчесто се појавуваат пред жетвата на житарките, а можат да се појават и во текот на жетвата, но и после тоа во силосите доколку житарките се изложени на високи температури и зголемена влажност во подолг период.

Во земјите од ЕУ горната граница е 0,050 микрограми на килограм (µg/kg) за млеко и млечни производи, додека во ЕУ границата за детски производи е пониска и изнесува 0,025 µg/kg. Во САД границата е поголема и изнесува дури 0,5 µg/kg.

Кога еднаш ќе влезат во синџирот на исхрана тешко се уништуваат. Дури и на многу високи температури нема да се уништи оваа хемикалија. На пример печење во траење од десет миниту на 180 степени ќе елиминира само 50 отсто од афлатоксинот.

Кога афлатоксинот ќе влезе во организмот, црниот дроб ќе стори се за да го разгради на помалку опасни хемикалии. Американската Агенција за храна и лекови ФДА тврди дека повремено изложување на оваа хемикалија не е опасно за луѓето и оти таа често се наоѓа во природата.

Возрасните лица имаат развиен механизам на заштита и висока толеранција на оваа хемикалија, откако е широко распространет во природата. Сепак, доколку сте постојано изложени на неговото дејство, опасноста е поголема.

Особено се загрозени децата и тие секако би требало да избегуваат производи кај кои постои ризик од загадување. Изложеноста на афлатоксини кај луѓето може да се открие врз основа на анализа на крвта.

Афлатоксините се јавуваат во млекото и млечните производи, а многу често и во кикириките, пченката, брашното, оризот, сончогледот, лешниците, бадемите, фстаците и оревите.

Се препорачува да не се јаде храна на која ќе забележите дека има влага, мувла, особено од ризичните групи намирници.

Откриено е дека начин на исхрана кој подразбира зеленчук, а особено морков, целер и магдонос, значително ги намалуваат канцерогените ефекти на афлатоксините.

МИА

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 1,710

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: alfatoksini ishrana mleko otrovni materii zivotni алфатоксини животни исхрана млеко отровни материи
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved