Особини на добар лидер
Универзален образец за тоа како се станува менаџер не постои. Но според Лондонската школа за односи со јавноста, секако постојат особини кои ќе ви помогнат да станете лидер и да останете на таа позиција подолго време.
1. Усовршувајте се
Постојано морате да учите и да се усовршувате. Нови знаења, откритија и нови луѓе треба да ви бидат предизвик.
2. Почитувајте ги другите
Треба да ги почитувате и разбирате луѓето од вашата околина, како и нивните посебности и различности.
3. Правилно проценувајте
Научете се да ги слушате луѓето околу себе. Извежбајте се да забележувате сè што наизглед е неважно. Тоа може да ви помогне да избегнете погрешни проценки.
4. Бидете сигурни во своите одлуки
Морате точно да знаете што сакате, а што не. Да бидете подготвени да носите одлуки и да сносите одговорност за одлуките кои сте ги донесле.
5. Верувајте во себе
Морате да имате доверба во своите способности, но и во способностите на другите и да бидете подготвени на компромиси. Тоа ќе ви помогне да уживате во тимската работа, која е основа на доброто лидерство.
6. Прифаќајте ги проблемите како предизвик
Добриот лидер мора да биде прибран и подготвен за акција во кризен период. Проблемите треба да ги сфаќате како прилика да научите нешто ново и да напредувате.
7. Добро организирајте се
Едноставно мора да бидете добро организирани. Неорганизираноста во секој миг може скапо да ве чини, а во работата може да биде фатална.
8. Верувајте им на соработниците
За да вашите соработници ви веруваат вам, потребно е вие да им верувате на нив. Помогнете им да се развиваат и да ги делат вашите убедувања и амбиции.
9. Не ги препишувајте сите заслуги само за себе
Немојте сите заслуги за успех во работата да си ги препишете само себеси. И вашите соработници имаат потреба од пофалба. Ако тоа го правите, ќе ги мотивирате да бидат уште подобри.
10. Бидете мистериозни
Сите лидери се по малку мистериознии. Треба да бидете пријатни и луѓето да уживаат во вашето друштво, но не треба со нив да ги делите своите тајни и приватни проблеми.