• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забременување Сакам бебе

A n t i – M u l e r i a n H o r m o n

by РиД 30/01/2010 0 Comment
 A n t i – M u l e r i a n   H o r m o n

Познат е уште како хормон за тестирање на оваријалната резерва. AMH(anti-mulerian hormone) е субстанција која се продуцира во оваријалните фоликули, поточно во гранулоза клетките на истите.

Најпрво се создава во примарните фоликули во јајникот, па потоа тие преминуваат во понапредната фаза т. н. примордијални фоликули. Се работи всушност за повеќе фази во развојот на фоликулите што не е од интерес во оваа тема. Како и да е, во оваа фаза на развојот фоликулите се многу мали и не можат да бидат видени со помош на УЗ(ултразвук).  Продукцијата на антимулеровиот хормон е најголема во фоликули кои се наоѓаат во преантрален и почетен антрален развој. Продукцијата опаѓа и потоа престанува со понатамошниот раст на големината фоликулот. Практично не постои ни најмала количина на хормонот во фоликули кои се поголеми од 8 мм. Поради овој факт вредностите на хормонот се доволно константни и затоа можат да се земат како тест било кој ден од месечниот циклус, што не е случај со другите хормони кои се исто одраз на функцијата на овариумите и воопшто не се помалку значајни .

AMH и ФЕРТИЛНОСТ

Како можат вредностите на хормонот, како тест да бидат предиктор за фертилност кај жената?

Со оглед на фактот дека хормонот се продуцира во малите оваријални фоликули, вредностите на хормонот во крвта се користи со цел да се процени т.н. базен на растечки фоликули кај жената. Истражувањата покажуваат дека големината на тој базен на растечки фоликули е стриктно одреден од големината на базенот на преостанатите фоликули во примордијална форма(микроскопски фоликули во т.н. “длабок сон“). Значи вредностите на хормонот во крвта ја одразува оваријалната резерва кај жената. Со возраста на жената, големината на овој базен на преостанати микроскопски фоликули се намалува, а со тоа и оваријалната резерва. Како последица на тоа вредноста на хормонот во крвта како и бројот на оваријалните антрални фоликули видливи на ултразвук опаѓа.

-Пациентки со PCOSy кај кои во склоп на таа дијагноза имаат голем број на мали фоликули, имаат високи вредности на хормонот во крвта

-Пациентки кои се ближат кон менопауза имаат ниски вредности на хормонот во крвта во склоп на намалените оваријални резерви

AMH и можност за бременост со IVF

Жени со покачени вредности на хормонот во крвта имаат тенденција за подобар одговор на оваријална стимулација со IVF третман при што се добиваат и повеќе јајни клетки. Генерално, добивање на повеќе јаји клетки ја зголемува и стапката, процентот на успех. Нивото на хормонот во крвта не го рефлектира квалитетот на јајната клетка, но добивањето на повеќе јајни клетки дава можност за добивање на барем една ако не и повеќе квалитетни јајни клетки кои ќе се оплодат и бидат трансферирани. Со тоа се зголемува шансата за остварување бременост како крајна цел.

AMH-нормални вредности . Интерпретација на нивото на хормонот во крвта и шанси за концепција

Високи вредности………………..над 3.0 ng/ml

( чести кај PCOSy)

Нормални вредности……………над 1.0 ng/ml

Вредности лесно намалени….0.7-0.9 ng/ml

Ниски вредности…………………0.3-0.6 ng/ml

Многу ниски вредности………под 0.3 ng/ml

Вредностите кои се погоре наведени не треба да се земаат како крајни или дефинитивни вредности кои строго ќе ја класифицираат пациентката во одредена група. Уште помалку треба врз основа на нив да се донесува краен заклучок за нејзините оваријални резерви и можност за забременување. Сеуште хормоналниот статус 3-ти ден од месечниот циклус е широко прифатен за т.н. златен стандард за проценка на оваријалните резерви и изборот на протоколот за стимулација. И крајно никогаш со сигурност не можеме да знаеме како и во кој правец ќе се движат работите додека не се започне со стимулација на овулација, за секоја пациентка индивидуално. А тоа би требало да го сфатиме како сигнал дека надежта за потомство не треба никогаш да се губи.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 450

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: fertilnost hormoni ispituvanje испитување фертилност хормони
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved