Од исчекување, до породување
Tреба да направите промени во својот животен стил рано во својата бременост или најдобро додека се обидувате да останете бремена. Доколку ви се препишани било какви лекови треба на својот доктор да му кажете дека се обидувате, целосно да се откажете од алкохол и цигари. Исто така ако не сте се хранеле со здрава храна треба да размислите и на таа тема.
Внесувањето повеќе овошје, зеленчук и житарици нема да наштети. Добро е однапред да земате витамини за трудници и фолна киселина што може да спречи болести кај детето што настануваат пред да се освестите дека чекате бебе. Фолната киселина е многу важно да ја имате во организмот од првите денови на бременоста. Од друга страна нема потреба да се откажувате од вежби, трчање или кафе.
Исчекување
Дали сум трудна или не? Четири дена откако јајцето е фертилизирано, тоа ќе започне да го произведува хормонот наречен human chorionic gonadotropin (hCG). Како што поминува време неговото присуство во урината и крвта се зголемува. Некаде околу втората недела од бременоста тестот од аптека може да ви покаже резултати. Најдобро е да се направи со првата утринска урина бидејќи со внесувањето течности во организмот се разредува урината и подоцна во денот може да покаже лажни резултати. Некои жени велат дека знаат дека се трудни уште од зачнувањето, додека некои имаат потешкотии со исчекувањето на резултатите од тестот.
Првите знаци на бременост
Испитувајте ги своите гради. Ако не се стрврднуваат и не болат би требало да почнат. Кај многу жени осетливоста на градите е првиот физички знак за бременост. Некои други симптоми се гадење и повраќање, замор. Во оваа фаза ретко се јавува стрвност за храна која содржи сол, железо или витамин С.
Мачки во бременоста
Со сите овие промени кои ви се случуваат со телото, најверојатно ќе ве фати малку и мрза и нема да сакате да ги извршувате работите по дома. Некои работи со сигурност не смеете да ги правите. Тука прво на листата е грижата за мачката. Тоа ќе морате да му го препуштите на некој друг и да не ја допирате неа или нејзините легла и чинии и посебно не песокот во кој таа кака. Ова е полесно да се каже отколку да се направи ако сте некој кој со години чува мачки и си го намалува стресот галејќи се со мачето. Toxoplasmosis, е болест која се пренесува преку фекалиите на мачката, а може да се пренесе од мајката на нероденото дете и да предизвика трајна штета. Најмногу што можете да направите е да ја однесете мачката на тестирање кај ветеринар, ако не е заразена да ја чувате дома преку целата бременост и да не ја пуштате надвор, а ако морате сама да и чистите тогаш користете ракавици.
Хормоните на почеток на бременоста
Ако прашате доктор зошто многу брзо преминувате од смеење на плачење , ќе ви кажат дека проработеле хормоните – и толку од објаснувањето. Но што всушност се случува со вашето тело? Неколку хормони играат важна улога во бременоста. Тука се human chorionic gonadotropin (hCG), кој заштитува од испуштање на додатни јајце клетки од матката и го стимулира лачењето на хормоните прогесерон и естроген. Естрогенот се група женски хормони, со нивна помош се развиваат женските сексуални карактеристики, а се лачи и од плацентата за заштита на плодот. Прогестеронот ја заштитува функционалноста на плацентата.
За време на бременоста овие хормони скокаат, па одеднаш паѓаат во зависност од потребите за нив, на телото на мајката и на фетусот. Во најголем број од случаите и расположението оди нагоре надолу со нив.
Бебето во 13 недела од бременоста
На крајот на оваа недела вашето бебе и официјално влегува во второто тромесечие од бременоста. Иако има само околу 15 грама и околу 7-8 цм должина, тоа веќе изгледа како човече мало. Да. Очите од страните се поместиле веќе на лицето напред, и ушите дошле во својата нормална положба. Има и рефлекси и ако го допрете стомакот тоа ќе мрда, (но вие уште нема да почувствувате), и неговите рачиња и ноџиња веќе може да ги движи, да ги зближува и раздалечува.
Мајката во 13та недела
За многу жени, второто тромесечие од бременоста е најубавиот нејзин период. Ризикот од губење драматично опаѓа после првите три месеци, симптомите на рана бременост избледуваат, а болките во грбот и во нозете од последните месеци уште не се стигнати. Згора на се, со вашите нови облини и неодамна добиеното чувство на подобрена ситуација, никогаш не сте се осетиле посекси или посилно. Уживајте.
Бебето во 14 недела од бременоста
Иако е тешко да се види на преглед, до овој момент вашето момче или девојче има веќе развиени полови органи. Тоа е 8 сантиметри долго и тежи 15тина грама. Сега кога главните органи и ткива се оформени, фетусот ќе почне да расне со невидена брзина. Во нарeдниот месец трипати ќе му се зголеми должината а ќе достигне зачудувачка тежина од полoвина килограм.
Бебето на средината од бременоста
Во оваа 20-та недела се наоѓате на пола пат до раѓањето на вашето бебе. И баш сега природата му дава уникатен спа третман – бела кремаста обвивка околу фетусот, која го покрива секој милиметар од неговото тело и го чува безбедно за следните 20 недели додека слободно плива во амнионската течност. Обвивката ќе биде тука кога бебето ќе се роди, докторот или бабицата ќе ја избришат во првите моменти откривајќи ја нежната бебешка кожа.
Мајката на средината од бременоста
Се забележува дека тешко држите рамнотежа овие денови. Тежината која расне во вашата матка го менува центарот на рамнотежа на телото. Понекогаш и без да сте свесни го прилагодувате својот од и држење кон новите промени. Ако не сте внимателни, може да се повредите или да добиете болки во грбот. Вежбајте ги правилните положби, на пример кога одите рамената и колковите да ви се во иста линија, седете со малку подигнати нозе, а спијте на страна со свиткани нозе.
Првата трудничка облека
Немам што да облечам! Сега дури и лабавите панталони, и еластичните блузи не го покриваат вашиот стомак. Време е за удобна облека во која ќе се чувствувате убави. Наместо да се трудите да го скриете стомакот, обидете се да го истакнете. Готовата трудничка облека ви дава доволно простор за дишење. Најдобрите дизајни ќе го прегрнат обликот на вашето тело, наместо да го направат да изгледа помал. Обидете се да носите удобни обувки на нозете, и рамните можат да изгледаат добро.
Животот на мајката
Промените во сексуалното расположение и во желбата за секс се нормални во бременоста но тие се и предвесници на промените што доаѓаат. Иако со сигурност ќе се врати вашата желба за секс откако ќе дојде бебето, новиот член на семејството ќе си најде простор на сите полиња од животот – физички, психички и финансиски. Како и секогаш, големите животни промени имаат влијание на врската, неретко се стресни и напорни, но знаат и да ве зближат со саканата личност. Сега одвојте време за да работите на вашата врска со партнерот, сегашниот напор ќе ви се исплати со камата.
Бебето на почетокот од третиот триместар
Сега сетилата на вашето бебе се толку развиени што тоа може да вкуси, да допре, да види и да чуе. Често бебето ги памти гласовите што ги слушало во стомакот, па гласот на мајката и на таткото го смируваат. Исто така можете да ги стимулирате неговите движења – ако притиснете сосем нежно на дел од вашиот стомак бебето ќе може да клоцне таму. Обидете се да го галите својот стомак и да зборувате нежно додека е немирно во мешето. Ќе откриете дека уште сега можете да го смирите.
Како се менува бебето на крајот
Кон крајот на бременоста, некаде пред 38-та недела, сеуште не треба да ги заборавите редовните контроли. Во ова време веројатно стомакот ќе ви се спушти надолу. Можеби ќе испуштите малку крвава, повеќе како валкана кафеава маса што била во вас за време на бременоста како некоја заштита. Овие промени го карактеризираат доаѓањето на бебето, но можно е да се јават и до три недели пред раѓањето. Слично на ова и Бракстон-Хиксовите контракции на матката (лажни болки), можат да ви направат лажна тревога. Бракстон – Хиксовите контракции не се како породилните, тие не се јавуваат на еднакви интервали, и нивниот број не се зголемува со тек на време.
Гнездење
Дали некогаш сте посматрале куче или маче како се подготвува на свет да ги донесе своите малечки. Пред да почнат болките овие мајки наоѓаат удобно и по можност скришно место, каде што подоцна раѓа.
Овој инстинкт на гнездење често се јавува и кај луѓето и е посилен со наближувањето на крајот на бременоста. Тоа се претвора во прекумерна желба за чистење и организирање на домот (и на се друго – за трудните жени не е чудно ако ја чистат бањата во 5 наутро). Следете ги своите инстинкти, но разумно. Не бојадисувајте и не чистете со тешки хемикалии, и не се обидувајте да подигате тешки предмети сами. Запомнете, оној ден кога ќе го донесете дома, вашето бебе нема многу да се грижи дали е секое нешто испрано испеглано и ставено по редослед на боја или големина во плакарите.
Момент за паметење
Чувството во оној момент кога ќе го истуркате бебето надвор (или ќе го извадат со царски рез) ќе биде олеснување и радост за вас.
Но замислете како му е на бебето: тегнето и месено како тесто и потоа притиснато низ еден мал отвор кон светот што има чудни звуци и бои. Туѓи раце го прифаќаат и бришат и му ги чистат устата и носот за да дише. Додека го зема првиот здив од непознатиот воздух, дали е чудно што ќе врисне?
Во првата минута откако ќе се роди сестрата ги гледа карактеристиките на бебето, и од тоа го пресметува АПГАР збирот. Мајката и бебето остануваат под надзор околу два часа и во тоа време пак се пресметува. АПГАР збирот е збир на поени за бојата на кожата (дали е розево или модро и делумно модро), пулсот, рефлексите (изразот на лицето), мускулната активност, дишењето. За секоја од овие „категории“ бебето ќе добие од 0 до 2 бода, а збирот на бодовите покажува колку е малечкото здраво. Најздравите бебиња добиваат АПГАР збир од 7 нагоре. На оние кои за жал не се толку здрави потребна им е мала помош од докторите за да ги отпочнат своите витални функции. Потоа бебето ќе биде прегледано целосно од педијатар.
Родилка
Додека го средуваат малечкото мајката има сеуште работа. Треба да се исфрли плацентата, едно модро парче месо што тежи околу килограм. Тоа е всушност орган кој се создава во бременоста и од него бебето се храни. Иако сеуште ќе имате контракции, повеќето мајки се опседнати со бебето така што нема да почувствуваат. Доколку се породите со царски рез, бебето ќе биде извадено во првите 10 минути, а брзо потоа и плацентата. Целата процедура (царски рез) обично одзема 40 минути.
{jcomments on}